Slay the Princess – The Pristine Cut е значително проширување на основната игра

во гејминг

Slay the Princess е еден од најдобрите визуелни романи. Од излегувањето во 2023 година, играта на развојното студио Black Tabby Games привлече огромно критичко внимание. Благодарение на уникатниот визуелен стил, длабоките филозофски размислувања и бројните можности за нелинеарно напредување, играта и понатаму „седи“ на Steam со 97% позитивни рецензии. Со најновото надополнување, наречено Pristine Cut, играта станува уште подобра, нудејќи значајни проширувања во бројни аспекти од играта.

Ужасна убавина

Kако во приказната, така и во презентацијата, Slay the Princess е визуелен роман со изразени хорор елементи. Преку уметничка техника со молив, линиите на црните линии константно се во движење, алудирајќи на притаена угнетувачка агресија која се заканува да излезе од линиите и да се измеша со суптилното нагласување на црвената боја. Ваквата техника допринесува до вознемирувачко одржување на неизвесност додека сте опсипани од филозофските размислување на нараторот или на принцезата.

Принцезата. Таа е во центарот на овој роман. А, ваша задача е, просто кажано, да ја убиете. Можете да пробате да разговарате со неа, можете да пробате на најразлични начини да ја нападнете, можете да пробате да се надмудрувате еден-со-друг и да се докажувате до 100 и назад. Едно е сигурно. Таа не сака да умре. А вас не ве бива како атентатор. Поради тоа, ќе се изложувате на бројни неочекувани ситуации каде последиците на вашите акции се далеку од она што би можеле да го предвидите.

Како што напомевавме во неколку наврати, Slay the Princess се одликува со крајно нелинеарна приказна и исклучително комплексни ликови, до тој степен да нема да знаете дали вие ја играта играта или играта ве игра вас. Бројните (неуспешни) обиди за убиство, бројните разговори и филозовски препукувања се поигруваат со вашите чувства како конци на марионета, предизвикувајќи ги вашите убедувања и ултимативната мисија. Таквото нешто е доведено до совршеност благодарение на талентираните актери; Џонатан Симс (нараторот) и Никол Гуднајт (принцезата) одлично ги позајмуваат нивните таленти и им вдахнуваат на ликовите комплексни карактеристики.

Хорор искуство²

Од пред неколку дена, надополнувањето The Pristine Cut стана бесплатно достапно до сите сопственици на основната игра. Оваа надополнување ја проширува приказната за една третина, односно воведува 15% повеќе содржини, дали преку дополнително напишани (и одглумени) линии текст, илјадници нови илустрации, или пак 17 дополнителни мелодии. Ова се поклипува и со излегувањето на колекционерската едиција која се одликува со бројни изненадувања за колекционерите.

Како целосен пакет, Slay the Princess — The Pristine Cut е визуелен роман кој ви го препорачуваме од срце, дури и да не сте фанови на хорор визуелни романи, има нешто исклучително посебно во играта на Black Tabby, нешто што е невозможно за игнорирање уште од првите моменти проведени во играта.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Black Tabby Games
  • Издава: Black Tabby Games, Serenity Forge
  • Жанр:визулен роман
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 24 октомври 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments