Роботот Watson на IBM ќе работи како поддршка за корисниците

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Нов гласовен асистент доаѓа да „разговара“ со вас. Победникот на Jeopardy и медицинскиот асистентот Watson наскоро ќе дојде да асистира и на паметните телефони, јавува New York Times. Новото место на Watson ќе биде во поддршката за корисници и тоа пред се во секторите кои имаат голем број на повици како продажба, банкарство, осигурување или телекомуникации.

„Идејата зад проектот е Watson да биде центар на екосистем околу кој девелоперите ќе ги изработуваат своите апликации.“, вели Вирџинија Ромети од IBM.

Ask Watson ќе им дозволува на корисниците директно да му поставуваат прашање на асистенот, а понатаму конверзацијата да продолжи како дијалог! Watson ќе може да одговори на 4-5 подпрашања без притоа да ги заборави претходните прашања. Препознавањето на гласот е оставено на сегментите на Apple Siri и Google Now. Ова ќе овозможи дури две третени од 135-те милијарди нерешени разговори да завршат успешно со подобар пристап до информации. Покрај базите на податоци, каталози, упатства за тренинг, правила за користење на продуктит, електронска пошта како извор ќе ги користи и рецензиите на Amazon, Yelp!, Tripadvisor и слично.

Првите кои ќе можат да се уверат во импресивноста на Watson ќе бидат австралиската AZN Bank, Nielsen, Celcom, IHS и Royal Bank of Canada. Првичните впечатоци на AZN се позитивни кои планираат да го користат како помошник на финанските советници. Првите апликации кои го користат Watson би требало да се појават во втората половина на 2013, вели Forbes.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments