0 коментари 1 мин. читање 25 ноември, 2020

Роботи прават 300 пици на час

Роботите полка го зафаќаат секое поле и секоја работа која може да се автоматизира сигурно ќе биде автоматизирана. Компанијата Picnic година го претстави својот модуларен систем за пицерии.

Системот е составен од повеќе различни модули, а тестото се префрла од еден на друг модул на кој се додава различен додаток. На некои се додава кечап, на некој кашкавал или печурки, салама и слично. На крај секоја пица е идентична со претходната.

Производителот ветува дека системот произведува 180 18-инчни или 300 12-инчни пици на час. Сè што треба да направи сопственикот е да внесе колку и кој тип на пица треба да испорачаат и роботот ќе го доврши остатокот.

Picnic користи вештачка интелигенција за да ја подобри својата работа, а за ракување за роботот е потребна минимална обука.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top