„Нашите клиенти ја чувствуваат и ја согледуваат вредноста од соработката со обучени и искусни професионалци, како и од можноста да се биде дел од тесно поврзан тим кој е подготвен да обезбеди услуги и секогаш да одговори на барањата на секој клиент“, истакнува Ристо Синделиев, менаџер на дивизијата за Oracle технологии во Сеавус, низ разговорот за кариерниот развој, проектите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.
Seavus му придава големо значење на континуираното учење преку кариерен развој, едноставно затоа што тоа им користи како на вработените така и на клиентите. Можете ли да ни го објасните овој концепт?
– Јас сум дел од оваа индустрија повеќе од 10 години и притоа можам да потврдам дека стекнатото применливо знаење е клучно за успех во денешниот динамичен свет. Имајќи ги на ум постојаните промени во потребите на клиентите, ние како тим треба секогаш да бидеме подготвени да им излеземе во пресрет и да се приспособиме на нивните барања. Нашата корпоративна култура се базира на многу едноставен принцип – постојан напредок, учење и стекнување на нови вештини.
Важните аспекти во овој концепт се нашата внатрешна организација и целокупната структура. Нашите вработени имаат назначен технички менаџер (TLM/TL) кој е секогаш на располагање за помош, упатства и совети. Истовремено, ние ги охрабруваме нашите програмери секогаш да земаат учество на најразлични типови на конференции кои се фокусираат на новите трендови и технологии, што ни дава јасна слика за она на коешто би требало да се фокусираме во периодот што доаѓа. Накратко, имаме многу можности за обуки и учење за нашите вработени. Целта е јасна: секогаш да бидеме подготвени за иднината и општо за потребите на пазарот.
Од друга страна, нашите клиенти секогаш имаат доверба дека ќе ги добијат нашите услуги навремено, во рамките на дефинираниот буџет и со најдобар квалитет. Seavus има долгогодишна историја на работа со различни видови на клиенти. Работејќи за многу клиенти во текот на овие 20 години, ние се стекнавме со огромна експертиза во различни домени и индустрии. Нашите клиенти ја чувствуваат и ја согледуваат вредноста од соработката со обучени и искусни професионалци, како и од можноста да се биде дел од тесно поврзан тим кој е подготвен да обезбеди услуги и секогаш да одговори на барањата на секој клиент.
Во делот на Oracle технологијата користиме програмирање прилагодено на потребите на клиентите, Frontend и Backend програмирање, развој на мобилни апликации како за iOS така и за Android, софтверски пакети и решенија за интеграција, процесирање на големи количини на податоци, веб програмирање и многу други. Нашите тимови работат со различни видови на технологии и на проекти за различни индустрии.
Какви тимови им стојат на располагање на сегашните и на идните клиенти?
– Seavus комбинира тимови од различни структури врз основа на деловните и на технолошките потреби. Она што е составен дел на сите тимови, се технолошката експертиза и пристапот за решавање на проблеми. Големината и структурата на тимовите воглавно зависи од потребите на клиентот и од комплексноста на проектот. Во некои случаи имаме навистина мали тимови, додека во други случаи имаме големи тимови или многукратни scrum тимови кои заедно работат на еден поголем проект/клиент. Овде станува збор за комбинирани тимови почнувајќи од 5 па сѐ до 30 или 40 инволвирани членови. Во поглед на работните методологии, нашите тимови користат најголем дел од нив со фокус на стандардните Scrum, Kanban или во некои случаи Nexus Scrum.
Помеѓу нашите главни предности можат да се набројат нашето огромно искуство и знаење во повеќе домени. Работиме на многу проекти кои се поврзани со автомобилската индустрија, осигурување, цени, финансии, здравствена нега, и гејмерство помеѓу другите. Како што спомнав погоре, нашиот најважен аспект се луѓето и ние постојано се обидуваме да го прошириме нашиот капацитет за подобрување на нашите вештини, за здобивање со нови вештини, како и за следење на најновите технолошки трендови. Особено во делот на Oracle технологиите користиме програмирање прилагодено на потребите на клиентите, Frontend и Backend програмирање, развој на мобилни апликации како за iOS така и за Android, софтверски пакети и решенија за интеграција, процесирање на големи количини на податоци, веб програмирање и многу други. Нашите тимови работат со различни видови на технологии и на проекти за различни индустрии. Во врска со бизнис моделите, применуваме и нудиме персонал и ресурси, целосно снабдување со надворешен кадар како и заеднички посветени тимови.
Според тоа, мотото е да се бидете релевантни за клиентите?
– Да, релевантни и сигурни. Но истовремено треба да се биде и атрактивен работодавач. Нашата грижа за вработените директно влијае на вредноста која им ја обезбедуваме на нашите клиенти; постои нераскинлива врска помеѓу нив. Нашите клиенти ја препознаваат нашата страст и посветеност кога работиме за и со нив. Нашето мото едноставно може да гласи: квалитет пред квантитет. Ние сме посветени на нашите клиенти со тоа што им пристапуваме како партнери. Се стремиме да поставиме јасни очекувања, да имаме јасни оперативни процеси и поедноставена комуникација помеѓу нас.
Во крајна линија, градиме доверба и во тоа се крие нашата сила. Нашиот тим е секогаш на располагање за совети, помош, како и за подобрување на продуктите или услугите на нашите клиенти.
Се трудиме да ги разбереме нашите клиенти на најдобар можен начин, со цел да им ги обезбедиме најдобрите можни услуги. Притоа не станува збор да се учествува во еден проект или во една испорака, туку сакаме да имаме широк поглед и да бидеме дел од пошироката слика. Додавањето вредност е од најголема важност за нас.
Како работите со Вашите клиенти? Како им служите на истите?
– Со целосно посветување, со пристап кој е прилагоден на клиентите, ние дишеме заедно со нив и тоа е причината поради која тие остануваат со нас долго време, со што се развива партнерство. Имаме клиенти со кои чекориме заедно повеќе од 10 години. Тоа претставува континуиран процес на учење во ова променливо опкружување. Се трудиме да ги разбереме нашите клиенти на најдобар можен начин, со цел да им ги обезбедиме најдобрите можни услуги. Притоа не станува збор да се учествува во еден проект или во една испорака, туку сакаме да имаме широк поглед и да бидеме дел од пошироката слика. Додавањето вредност е од најголема важност за нас. Зад нас имаме многу успешни проекти во нашиот домен. Би сакам да нагласам еден од скорешните проекти, за европски објавувач на дигитални вести на англиски јазик во многу земји на ЕУ. Во овој случај користевме T&M бизнис модел (time and material) и на клиентот му беше понудена можноста да го прошири својот тим за развој на производи, IT операции, мониторинг и редовно одржување. Seavus му обезбеди на клиентот тим од искусни програмери кои се погрижија за потребите за програмирање на модерна рамка која имаше за цел да обезбеди полесно одржување, надградби, и оптимизација, која би била порентабилна, безбедна и издржлива за клиентот. Со оваа соработка, клиентот се стекна со високо обучен тим кој поседува големо техничко знаење, експертиза и желба за совршенство, одговарајќи на сите барања на клиентот. Решението беше дизајнирано да обезбеди најинтуитивно корисничко искуство со највисоки перформанси, кое е истовремено сигурно и скалабилно со цел да поддржува идни надградби за ниски трошоци.
Далечинско работење. Мината година беше своевиден предизвик за светот. Што претставува далечинското работење за Seavus и за Вашите клиенти?
Комуникацијата е клучна и најважна работа во овој период. Морам да кажам дека начинот на нашата заедничка виртуелна работа е важен индикатор за нашата корпоративна култура. Изградивме силна заедница. Ги разбираме нашите потреби, и јас како менаџер секогаш се стремам подобро да ги разберам потребите на моите колеги. Научив дека е потребна флексибилност. Ни недостасува нашето дружење, но сепак се забавуваме и во овие услови. Децата и миленичињата се добредојдени на виртуелните состаноци, тие се неизбежен дел од истите. 😊 Искрено, горд сум што сум дел до тимот со најдобар резултат на испорака.
Ние им стоиме на располагање на нашите клиенти во добро и зло, притоа секогаш се однесуваме кон нив со истата важност. Последно и најважно, ние сме дел од нивниот деловен континуитет и работиме сите заеднички за деловен раст и успех, делувајќи како еден тим.