Red Hydrogen One конечно на пазарот, скап хаос

во Мобилни

По повеќе одлагања и поприлично доцнење, еден од најдобрите производители на дигитални камери RED Hydrogen го претстави својот телефон. Компанијата ветуваше многу за својот телефон, но за жал испорача хаос.

Најверојатно најголемото разочарување е „холографот“. За жал баш и не е тоа. Уредот доаѓа со специфичен екран, кој наликува на детските играчки кои прикажуваат повеќе слики. Со завртување на екранот се добива друга слика, но за жал ова почесто придонесува да му се смачи на корисникот отколку што е корисно.

Можеби најгласен во критиката овој пат е Verge. Речиси и да нема добар збор за уредот. Но, ако им недостасуваат добри зборови, не им недостасуваше критика. Се чини дека има навистина многу причини за ова; од заматен екран, до прескап телефон и лански хардвер.

Дополнително, најголем дел од софтверот доаѓа без „3Д-функционалност“. Секако недостатокот на интересна содржина е најголемиот недостаток на телефонот.

Проблемите на телефонот можеа да се предвидат и на почетокот. Станува збор за производител на извонредни камери, но сепак прилично неискусен производител на телефони. Ако ова не е доволно, се одлучија првиот телефон да дојде со нова технологија која можеби не е прв пат на некој уред, но секако вообичаено не е присутна.

За жал полесно е да се избројат добрите отколку лошите страни на уредот, а тоа никогаш не е добра вест. Згора на ова, дел од добрите страни се уникатноста на уредот, што не баш секогаш е добредојдена промена.

Најголем дел од прегледите се согласни дека 4-View технологијата е уникатна на телефоните, уредот има одлична батерија и материјалите кои се користат за изработка го прават супер издржлив. За жал пофалбите завршуваат тука. RED Hydrogen One има лоши перформанси со Android Pie, нема доволно 4-View содржина, телефонот е преголем, а за цена од 1300 долари се продаваат и значително подобри телефони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments