0 коментари 2 мин. читање 18 јули, 2011

Rapportive е алакта со која Gmail станува поличен

Доколку сакате да дознаете повеќе информации за личноста од која примате порака, тогаш Rapportive екстензијата за Gmail сигурно би требало да ви биде од голема корист. Целта на оваа екстензија e да го направи комуницирањето да биде полично.

Rapportive e екстензија која функционира на повеќе пребарувачи, а нејзиното инсталирање е многу едноставно. Откако ќе ја инсталирате, во вашиот Gmail од десната страна ќе се појави динамичен виџет кој ви обезбедува дополнителни информации за вашите Gmail контакти. Rapportive сакајќи да биде конкурентен со Gmail, и нивниот проект people виџет, до сега неколку пати се има надоградувано, нудејќи сè повеќе опции.

Покрај основните информации за вашите контакти, како што се фотографија, професија, линкови до различни социјални профили, Rapportive исто така покажува и твитови од вашите контакти, нуди опција да ги следите, да твитате или ретвитате,  и сето тоа директно од вашиот Gmail. Преку оваа екстензија исто така можете и да дознаете дали вашите контакти ве следат на Twitter.

Kако и Twitter, исто и Facebook е целосно интегриран во услугата на Rapportive, па така без да го напуштате Gmail, можете да ги гледате Facebook стримовите на вашите контакти, да коментирате на нивните постови, да гледате фотографии, видеа, и се разбира да „лајкувате“.

Најновата опција што Rapportive ја нуди е можноста да добивате информации за личноста на која и праќате порака. Со вметнување на контактот во полето „To“, Rapportive ќе ви ги покаже последните информации за него. Истото важи и доколку вметнете повеќе контакти. Ова е одлична опција доколку сакате да го скршите мразот и потребни ви се информации за како да го направите тоа.

Rapportive е доста корисна алатка, и далеку помоќна од people виџетот на Gmail.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top