0 коментари 3 мин. читање 1 април, 2020

Работењето од дома – „рај“ за хакерите

Поради пандемијата на COVID-19 најголем дел од работниците или барем сите кои можат се префрлени и работат од дома. Сепак безбедносните експерти предупредуваат дека новонастанатата состојба е вистински „рај“ за хакерите.

Вакви напади веќе се забележани врз Светската здравствена организација, вели Александер Урбелис. Нападите се најчесто во форма на „фишинг“-измами. Веќе е откриена копија веб-сајт која по изгледот е копија на интранет сајтот кој го користат вработените во Светската здравствена организација.

Засега напаѓачот е непотврден но компанијата во која работи г. Урбелис смета дека станува збор за групата „Dark Hotel“ чија цел се директори и лица на раководни функции. Покрај сајтот на СЗО, групата креирала копии на сајтови на неколку различни значајни здравствени организации.

За пристап на овие страници вообичаено се потребни корисничко име и лозинка, па луѓето најчесто не се ни сомневаат дека има некакви проблеми. URL-то на страниците е збунувачко и најчесто е слично со оригиналното, но ако проверите внимателно каде одите може да препознаете дека станува збор за измама.

Што се однесува до евентуалните причини поради кои групата сака да дојде до овие податоци, иако нема точни податоци има две поверодостојни шпекулации. Првата е дека се собираат податоци за некоја понормална иднина, а втората е влијанието кое податоците од СЗО би го имале врз берзите, вели National Public Radio.

Но ова е причина за сите да бидеме повниматели

Нападите врз СЗО покажуваат колкава е потребата за безбедност при работа од дома. Ова важи за најголем број од луѓето кои можат да работат од далечина. Вообичаено седнуваат на својот компјутер и се логираат. Ова сега не е случај и отворање на погрешна пошта и линк можат да доведат до предавање на податоците на погрешно место.

Ова секако помалку ќе го почувствуваат компаниите кои навремено ги тренирале своите вработени да препознаваат измами. Секако потребно е и дополнително инвестирање во инфраструктура за двојна авторизација, и во ИТ тимови кои ќе бидат подготвени за безбедносните предизвици кои ги носи работата од дома.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top