Најголемиот производител на процесори за паметни телефони, Qualcomm ќе се обиде да ги освои и возилата. Компанијата го претстави чипот Qualcomm 9150 C-V2X кој е наменет за автономните возила. Доколку сè се одвива според плановите, чипот ќе биде достапен во втората половина на 2018 година. Во возилата би можел да биде достапен веќе од 2019 година.
Чипот ќе им овозможи на возилата директна комуникација и комуникација преку мрежа. Директната комуникација треба да ја зголеми безбедноста на патот. Можноста за директна комуникација ќе го зголеми познавањето на просторот и опасностите во него. Ова секако ќе помогне автономните возила да станат реалност.
Чипот го користи 5.9GHz спектарот кој е наменет и резервиран токму за блиска комуникација на возилата.
Чипот доаѓа и со можност за телематика, инфозабава и слично. Ова ќе озозможи поширок опсег на комуникација, поголема доверливост и можност за реакција дури и кога не се гледа опасноста. Дополнително. чипот ќе може да ги пренасочи возилата од патиштата на кои има густ сообраќај. Помалку возила на патот значат и помала опасност од судир. Чипот овозможува прецизно лоцирање на возилата, а тоа е клучно за автономните возила, вели ZDNet.
Nvidia и Intel се заинтересирани за автономните возила и најверојатно ќе му бидат најголемите конкуренти на Qualcomm. Партнери на компанијата во овој потфат се Ford, Audi, the PSA Group и SAIC.