Qualcomm го претстави новиот 48-јадрен Falkor процесор наменет за Windows сервер

Qualcomm и Microsoft објавија партнерство. Според договорот, Microsoft во иднина ќе користи процесори од Qualcomm во Microsoft Windows серверите, јави Bloomberg.

Qualcomm креираше нов процесор во целост прилагоден на потребите на серверите на Microsoft. Falkor е 48-јадрен, 10 nm процесор. Засега нема премногу податоци за процесорот надвор од податокот дека станува збор за прв 10 nm процесор за сервер. За плочата има нешто повеќе податоци. Qualcomm Centriq 2400 доаѓа со 1 слот за процесор, 6 слота за DDR4 меморија, 2 USB конектори, 8 SATA порти, 32 PCIe Gen 3 линии.

Microsoft разви Windows оперативен систем за сервери со ARM процесори. Компанијата соработува со Qualcomm и Cavium за подобри перформанси. Засега Microsoft нема сервери со ARM процесори, но ова може да се промени. Единствена конкуренција во „буџет сервери“ на Qualcomm му е Intel кој има поевтини Xeon сервери. Дополнително на Intel му помага што речиси и нема конкуренција кога серверите се во прашање, дури 98 отсто од серверите се со Intel процесор.

„Ова е маратон, a не трка на крати патеки. Нема да почнеме да ги броиме парите наскоро. Еден ден за неколку години ќе погледнеме и ќе речеме, еј ова е кул кога се случи?“, вели Ананд Чандрескер од Qualcoom.

Процесорите и плочата се дел од “open source” платформата на Microsoft, Project Olympus. Со Project Olympus компанијата се надева дека ќе остане конкурентна со Amazon AWS, кој е лидер во оваа област. Intel е дел од иницијативата, но исто се и помалите производители. Промената која ја направи Microsoft, веќе го менува пазарот. Еден од најголемите производители Hewlett-Packard објави помала заработка од очекувата. Главна причина за ова е намалената побарувачка од најголемиот корисник, а дел од познавачите на состојбата велат дека овој клиент е токму Microsoft.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk