Три недели пред официјалното претставување на новиот HTC One, на YouTube се појави првото видео од верзијата за девелопери во кое еден до друг се споредени HTC One и HTC One M8. Новиот телефон доаѓа со малку поголем екран и речиси незабележливи измени на дизајнот, иако е позаоблен од претходникот. Најзабележлив е недостатокот на физички копчиња кои се заменети со копчиња на екранот. Покрај ова преместен е сензорот за предната камера, како и позицијата на SIM-картичката и приклучокот за слушалките, а тука е и microSD слотот. Најавите за дуал-камера се покажаа точни, па на задната страна на HTC One M8 има две камери, чија функција неможе да се заклучи барем засега, иако креаторот на видеото ја опишува новата камера како одлична.
Иако е тешко да се заклучат перформансите на телефонот од верзијата за развивачи изгледа дека е брз и одлично реагира на командите, иако одвреме навреме заглавува, што е и за очекување кога е во прашање првичната верзија на телефонот. Финалната верзија на HTC One ќе може да ја видиме на 25 март кога и официјално HTC ќе го претстави телефонот.
[youtube]Vvq4H6yI3Jk[/youtube]







