Првата надградба за Windows 10 доаѓа во август и ќе биде бесплатна!

Една година по излегувањето на Windows 10 ќе биде достапна и првата голема надградба на оперативниот систем. Надградбата бесплатно ќе им биде достапна на сите кои веќе имаа инсталирано Windows 10, јави Verge. Најголемите промени ќе се однесуваат на: Cortana, Windows Ink и прелистувачот Edge. Microsoft дел од овие надградби ги најави поодамна, така шпекулациите беа дека Edge ќе добие екстензии уште со Windows 10, а и Windows Ink беше најавен од поодамна.

Лошата вест е дека Microsoft вели дека од 29 јули надградбата во Windows 10 од Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1 ќе чини 120 долари. Ова значи дека по истекот на овој период сите корисници кои нема да го надградат оперативниот систем за Windows 10 ќе треба да платат како и оние кои го купуваат. Од Microsoft се надеваа дека Windows 10 ќе стаса до милијарда корисници, но со цената е евидентно дека ова нема да се случи наскоро. „Нашиот напредок до милијарда уреди ќе зависи од повеќе фактори: здравјето на PC-екосистемот, компаниите, но и прифаќањето на нови уреди. Но, се повеќе нашиот поглед за успех е задоволството на корисниците од новиот Windows 10“, вели Тери Маерсон од Microsoft.

По завршувањето на перодот за надградба,  единствено паметните телефони ќе можат да го надградат оперативниот систем бесплатно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk