Прв поглед на Gigabyte Gsmart Mika M2, ниско-буџетен телефон за сечиј вкус

(Доколку сакате да дискутирaте за рецензијата, приклучите се на форумот на IT.com.mk. Претходните рецензии од Сашко Димитријевиќ може да ги најдете тука.)

Пристигнаа новите телефони од Gigabyte! Претходно имавме можност да се дружиме со Guru G1, а сега го тестираме новиот модел Mika M2. Да почнеме…

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Телефонот е спакуван во добро изработена амбалажа, која ни дава првичен впечаток дека станува збор за сериозен производ. Веројатно поголемиот број на заинтересирани купувачи ќе ги интересира тоа што има во самата кутија. Покрај уредот и батеријата, се наоѓаат и две задни капачиња, една бела и една црна, така што ќе имате можност да ја менувате бојата на вашиот телефон по желба. Има и слушалки со 3,5мм конектор, полнач и USB кабел, гаранција и упатство за користење.

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Технички Спецификации

  • Оперативен систем: Android OS 4.4.2 (KitKat)
  • Chipset: Mediatek MT6582
  • CPU: Quad-core 1.3 GHz Cortex-A7
  • GPU: Mali-400MP2
  • Дисплеј: 5″ IPS OGS, 1280 x 720 pixels (HD)
  • Димензии: 145 x 72.8 x 8.5mm/ 150g (со батерија)
  • Батерија: Li-ion 2000mAh
  • Меморија: ROM 8GB / RAM 1GB
  • Надворешна меморија: Доаѓа со картичка од 8GB (подржува до 32 GB)
  • Wi-Fi: 802.11 b/g/n
  • Bluetooth: Bluetooth 4.0
  • Мрежа: GSM/ GPRS/ EDGE/ WCDMA, HSDPA:21Mbps; HSUPA:5.76Mbps
  • GPS: GPS, AGPS
  • Видео формати: MP4/ 3GPP/ H.264
  • Камера: 13MP со AF & LED FlashLight
  • Предна камера: 5MP
  • Сензори: G-Sensor, Light-Sensor, Proximity Sensor
  • Останато: SMS, MMS, E-mail

Хардвер

За работата на Gigabyte GSmart Mika M2се грижи МТ6582, 4 јадрениот процесор со брзина од 1,3 GHz, базиран на архитектурата на ARM Cortex-А7 процесорите, кој се одликуваат со ниска потрошувачка на енергија. Друштво му прави графичкиот процесор Mali-400MP2 на 500 MHz и 1 Gb работна меморија, сосема доволни за да се справат со сите задачи. При работа со апликациите, поминување од една на друга работна површина, не се забележуваат никакви недостатоци и лагирања. Со оглед на тоа дека и резолуцијата на екранот е пониска, комплетниот хардверот функционира прецизно и без недостатоци.

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Mораме да ги пофалиме екраните кои Gigabyte ги користи за своите телефони. Имено во MIKA M2 се користи 5″ IPS OGSпанел, со резолуција од 1280×720 пиксели со 294ppi густина, задолжен за приказ на 16 милиони бои. Ова не е резолуција на екран која ќе отскокнува од конкуренцијата, но затоа отскокнува со квалитетот на приказ на сликата. Боите се природни, јасно нагласени, а приказот на сликата има одлична оштрина. Веќе познато е дека IPS панелите се одликуваат со одличен агол на гледање. Во услови на дневна светлина и директна изложеност на сонце, екранот подесен на максимана осветленост ги задоволува потребите. Во горниот дел, веднаш до звучникот, се наоѓа предната камера од 5 MPix, а до неа и сензорот за автоматско регулирање на осветлувањето на екранот доколку е активирано како опција. Фабрички, екранот доаѓа со заштитна фолија, која нормално по желба може да ја одстраните.

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Дебелината од 8,5мм му дава елегантен изглед и го вбројува во еден од најтенките паметни телефони. Во горниот дел е сместен 3,5мм конектор за слушалки, а веднаш до него се наоѓа и Micro USB OTG приклучокот. На левата и долната страна нема никакви приклучоци, ниту функциски тастери. На десната страна се сместени тастерите за вклучување и глас. На задната страна се наоѓа 13 мегапиксели камера и LED блицот, а во долниот дел е сместен и звучникот кој ни дава солиден звук за разлика од телефоните кои се во негов ранг. Доколку сакаме стерео звук, ќе ги искористиме слушалките кои доаѓаат во пакет со телефонот.

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Под задниот капак се крие Li-ion батеријата со своите 2000 mAh кој ни обезбедува време на користење во мирување по спецификација од 300 часови, или 8 часови во разговор. Во реално време, односно во периодот додека телефонот беше на тестирање, времетраењето на батеријата беше сосема солидно за телефон со 5 инчен екран. Имено со активно користење, нонстоп вклучено WiFi и 3G, батеријата издржува од утро до вечер, практично од 12 до 15 часа без никаков проблем. Со умерено користење и нормални телефонски разговори батеријата трае од 24 до 48 часови. Доколку опциите WiFi и 3G ги вклучувате или исклучувате по потреба, во тој случај телефонот ќе го полните на три дена. Можеме да донесеме заклучок дека батеријата во комбинација со вградениот хардвер ги задоволува критериумите на скоро сите корисници со нивните потреби.

Користење

Телефонот поддржува две SIM картички кои се активни истовремено, но во состојба на мирување. Доколку едната од нив е активна, односно доколку на едната се разговара, другата ќе биде недостапна, впрочем како и сите телефони кои се изработени на оваа платформа со МТК процесорите. Ова може многу лесно да се реши со пренасочување, односно дивертирање на повикот на картичката доколку сме недостапни на телефонска секретарка. Првиот слот за SIM картичка ги поддржува протоколите HSDPA и HSPA, додека пак вториот слот за SIM картичка поддржува само GSM протокол.

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Во тек на тест периодот не се случуваше губење на мрежа и евентуални проблеми со телефонирањето и телефонијата. Звучникот е солиден, па така соговорникот го слушаме добро и без пречки. Од другата страна. не добивме поплаки за евентуални недостатоци, односно дека не не слушаат или звучиме како од “бунар”.

Софтвер и Апликации

Телефонот доаѓа со Android OS 4.4.2 KitKat оперативен систем, и со стандардно инсталирани кориснички програми спремни за употреба. Секако по потреба преку Play Store можеме да инсталираме апликации кои ни се потребни. Тука треба да ја спомнеме апликацијата Photo Grid, преку која можеме да креираме разно-разни колажи, кои ги има шест како опции. Покрај овие треба да ги спомнеме и Battery Doctor, FM Stereo Radio, Kingsoft Office, апликации кои доаѓаат инсталирани со оперативниот систем на телефонот.

Секој пат кога станува збор за паметен телефон, ја користиме и приликата за тестирање на вградениот GPS приемник. Имено најчесто го користиме за навигација. Како и кај претходно тестираниот модел, Guru G1, брзината на пронаоѓање и конектирање на сателити е за 5 до 10 секунди. Од тука можеме да заклучиме дека е вграден квалитетен приемник и добра GPS антена. Не заборавajте дека користењето на GPS навигацијата забрзано ја троши батеријата на телефонот. Затоа е добро да имате можност за полнење во вашиот автомобил, и покрај тоа што телефонот е опремен со 2000mAh батерија.

Камера

Tелефонот доаѓа со две камери. Примарната од 13 мегапиксели и секундарната која се наоѓа на предниот дел на телефонот од 5 мегапиксели. Предната камера најчесто се користи за видео повици, или пак кога се користат Skype, Viber, или за селфи фотографии.

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Задната камера е опремена и со LED блиц кој ни помага при фотографирање во ноќен режим, а исто така доколку имаме инсталирано апликација, можеме да го користиме и како батериска лампа. Она што нас најмногу не интересира е квалитетот на фотографиите. За разлика од конкурентите и класата на телефони, можеме да кажеме дека Mika M2 отскокнува во овој сегмент. Во услови на дневна светлина, сликите се со сосема задоволителен квалитет. Во ноќен режим кога имаме намален интензитет на светлина, сликите кои ги добиваме имаат зголемен шум и намален квалитет. Но, сепак станува збор за нискобуџетен телефон. Доколку се префрлиме на мануелен режим при фотографирањето и мануелно поставување на параметрите, секако и ако поседуваме знаење, можеме да извлечеме релативно квалитетни фотографии кои можат да се споредуваат и со конкурентите од повисока класа. Албумот со фотографи направени со Mika M2 можете да го погледнете на следниов линк.

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Видео снимките направени со HD резолуција може да ги видите на YouTube:

[youtube]pZrhW9I0yTE[/youtube]

Заклучок

Како и со претходно тестираниот модел на Gigabyte, така и со овој на крајот добиваме позитивни впечатоци. Имено тешко е да дадеме негативни критики кога ке направиме еден поглед во однос цена – квалитет. Скоро во секој сегмент во кој имавме можност да го тестираме телефонот не најдовме никакви замерки, освен при фотографирањето но услови на намалена светлина. Прекрасен IPS екран, одличен тач кој перфектно функционира, добра батерија, солидна работа и справување со апликациите, брз GPS приемник, две сим картички. Доколку се двоумите помеѓу телефони во овој ценовен опсег (150 – 200 евра), нашата препорака ќе оди за Mika M2 без никакво двоумење. За дискусија повелете на форумот на It.com.mk.

Голема благодарност до Anhoch што ни овозможија и ни го отстапија Mika M2, на тестирање.

(Фотографијата е на Сашко Димитријевиќ)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
тенк
тенк
10 years ago

катастрофа

види ги сите огласи на kariera.it.mk