0 коментари 1 мин. читање

Прв 3Д-отпечатен мост за велосипедисти во Холандија

Холандскиот град Гемерт го доби првиот мост за велосипедисти за чија изработка е искористен 3д-принтер. Како материјал за печатење е искористен бетон. Мостот е направен од 800 слоја бетон и може да издржи тежина од 40 камиони, пренесе Guardian.

Мостот е долг 8 метри и за негова изработка беа потребни 3 месеци. Мостот е тестиран сo товар од 5 тони, што е повеќе отколку што мостот ќе треба да издржи. Мостот е над канал и спојува две страни на една улица. Изработката е на Универзитетот од Ајндоховен и конструкторите BAM Infra. По мостот секој ден ќе минуваат стотици велосипедисти, а треба да биде користен следните 30 години.

Освен што е побрзо, при криеирањето на мост со 3Д-принтер се троши и значително помалку бетон. Дополнително, при принтањето нема ограничување во формата кое постои кај традициналносто градење со бетон.

Холандија заедно со САД и Кина е еден од лидерите во развојот на 3д-принтери за принтање на недвижен имот. Амстердам уште пред неколку години тестираше 3д-принтањето како замена за традиционалното градење.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top