Проблемите со компјутерот може да се од софтверска или хардверска природа и изворот за одреден таков проблем често започнува со процеси на елиминација. Во ситуации кога вашиот компјутер замрзнува или се исклучува сам-од-себе, би можеле да помислите дека проблемот е во вашата RAM меморија. За да ја тестирате таквата хипотеза, би можеле да побарате помош од алатката MemTest86 и, во зависност од понудените резултати, да се одлучите да преминете на дополнителни тестирања или пак едноставно да го замените RAM-от.
MemTest86 е моќна алатка за дијагностицирање на меморијата која се покренува од CD или USB драјв. Откако ќе ја покренете, алатката ќе започне со серија од тестови за да провери дали вградената меморија има одредени проблеми и, поради нив, го загрозува вашето севкупно искуство со компјутерот. На прв поглед, техничките извештаи на програмот би можеле да остават застрашувачки впечаток на по неискусните, но она што вие треба видите е само дали има проблеми со RAM меморијата или не. Покрај бесплатната верзија имате на располагање и платежна, но нејзина употреба би ја препорачале само доколку имате потреба од дополнителни тестирања и сочувување податоци за второстепени проверки, консултации и исправки.


Програмот тежи скромни 5 MB и е компатибилен со Windows XP/ Vista/7/8+ и Windows 10. Не дозволувајте името на алатката да ви остави впечаток дека функционира само во 32-битни оперативни системи. MemTest86 одлично функционира и со 64-битни системи.
Која е разликата помеѓу 32 и 64 битни системи? Дознајте за ова и за многу други термини тука!







