0 коментари 2 мин. читање 1 ноември, 2017

Проблемите со Google Docs се најдобар показател зошто треба да правите бекап

Google Docs има огромен проблем. Дел од корисниците за жалат дека иако не ги нарушиле правилата за користење, нивните профили се затворени. Проблемот зафати голем број на корисници, а од Google објавија дека се свесни за проблемите и работат на решение.

Ова секако не е преголем проблем ако имате време за трошење, но тоа не е случај за сите корисници. Новинарката Рејчел Бејл на National Geographics немаше пристап до својот профил иако требаше да ја предаде својата сторија, пишува Mashable.

„Утрово направивме промена во кодот која погрешно обележа мал процент од корисниците на Google Docs дека прават злоупотреби. Ова резултираше со автоматско блокирање на профилите“.

Можеби процентот на корисници кои се зафатени од проблемите е мал, но тоа сепак е голем број на корисници.

Засега е нејасно што е причината за проблемите, но се појавуваат и шпекулации дека можеби станува збор за содржината на документите. Скенирањето на содржината секако не би изненадило никого. Сепак постоењето на можност за блокирање поради содржина на необјавени докуметни, е изненадување.

Иако проблемот е надминат, сепак е одличен показател за проблемите кои се предизвикани кога еден од облак сервисите поради некоја причина одненадеж ќе ги исклучи корисниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top