Пристигнаа iPhone 7 и Apple Watch Series 2

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни, Хардвер

Image Courtesy of Apple.com

Настаните на кои Apple ги претствува своите паметни телефони речиси една деценија се дел од најзначајните настани во индустријата. Оваа година 7 септември е датата на која светот за првпат го виде iPhone 7.

„Веќе продадовме над 1 милијарда телефони. Ова го прави iPhone најпродаваниот продукт од својот вид.“, изјави Тим Кук, кој на настанот пристигна пеејќи песни заедно со водителот Џејмс Корден и Фарел, преку познатиот концепт Carpool Karaoke на Корден.

Нов iPhone 7

Новиот iPhone 7 доаѓа во две верзии iPhone 7 и iPhone 7 Plus. Tелефоните доаѓа во пет бои: две црни, сребрена, златна и розева. iPhone 7 и iPhone 7 Plus се водоотпорни, и заштитени од влез на прашина.

iphone7

Image Apple Live Event

Телефонот доаѓа со нов А10 Fusion чип, кој е 40 отсто побрз од претходникот. За прв пат А10 доаѓа со четири 2х2 процесори, два се штедливи процесори, а два се процесори кои се користат при поголеми оптоварувања. Надграден е и графичкиот процесор кој сега е 50 отсто побрз од претходникот. Екранот сега е 25 отсто појасен, а екранот повторно доаѓа со 3D-touch контрола. Надграден е звучникот на телефонот и за прв пат iPhone доаѓа со стеро звучници. Едниот од звучниците е на врвот на телефонот, а другиот на долниот дел од телефонот.

Новиот iPhone доаѓа со нови функции за „Home“ копчето. Копчето сега како и екранот може да го разликува притисокот, а една од предностите е можноста за програмирање на нови функции за копчето.

Една од работите кои веднаш се забележуваат е разликата во камерата. Двата модели iPhone 7 и iPhone 7 Plus доаѓаат со стабилизација на слика. Камерите се со 12MP сензор, но променето и надградено е сѐ, од блицот, до процесорот за фотографирање. Компанијата ветува дека предната и задната камера се најдобрите кои воопшто ги направиле за своите уреди. Предната камера е 7МР, но речиси подеднакво импресивна како и задната.

33

Image Apple Live Event

11

Image Apple Live Event

Поголемата верзија на телефонот, iPhone 7 Plus доаѓа со две задни камери. Првата е теле-фото камера, а втората широкоаголна камера. Ова ќе возможи далеку поквалитетни слики кога се користи зум. Присуството на втората камера овозможува 2х оптички зум. Апликацијата за фотографирање овозможува „depth of field“-фотографија, а се чини дека можностите на камерите се импресивни. Оваа функција е софтверска надградба која ќе биде достапна подоцна.

Новиот iPhone доаѓа со нови слушалки, но новите слушалки доаѓаат на lightning порта. Она што нема да им се допадне на сите корисници е крајот на аналогниот приклучок. Новите верзии на телефонот нема да го имаат стандардниот 3.5мм конектор за слушалки.

Tелефон доаѓа со нови безжични слушалки од Apple, AirPods. Слушалките се паметен уред кој знаат кога се поставени во увото, кога корисникот зборува, кога ја активира Siri. Слушалките се поврзуваат со телефонот и со часовникот. Нови слушалки кои ќе ги користат можностите на новиот телефон бежичен W1-чип ќе издаде и Beats.

aitbuds

Image Apple Live Event

iphone7-headphones

iPhone 7 и iPhone 7 Plus се веќе достапни преку iPhone Upgrade програмата, и ќе чинат како и телефоните кој ги заменуваат 650 долари и 770 долари. Новите верзии доаѓаат со двапати поголем слободен простор.  Уредите се достапни во претпродажба од 9 септември, а испораката започнува на 16. септември.

iOS 10

Новиот iOS 10 е најголемата надградба на оперативниот систем досега. Од можностите за будење на телефонот со благо затресување; до надградбата на тастатурата за предвидување на текстот iOS 10 e најголемата надградба. Над 100 нови прoизводи доаѓаат за Apple HomeKit до крајот на годината. Тие ќе бидат веднаш подготвени за интеграција со платформата од Apple. Минорнi надградбi како емотикони или налепници се достапни и за Messages .

Apple Music е една од апликациите кои се надградени на новата верзоија на iOS 10. Со 17 милиони претплатници апликацијата е една од најпопуларните музички апликации. Оваа година Apple слави 10 години од фестивaлот Apple Music, и ќе биде одбелeжан со настан во Лондон.

Од AppStore досега се преземени над 140 милијарди апликации. Mинатата година е забележан пораст од 106 отсто во преземањето на апликации, а девелоперите за iOS на AppStore, заработија двапати повеќе од вториот конкурент (GooglePlay). Оваа година ќе ја одбележи и крајот на ексклузивитетот на Super Mario на Nintendo. Креаторот на Mario, Шингеро Мијамото ја претстави првата верзија на играта за iPhone, Super Mario Run.

super-mario-run

Image Apple Live Event

Apple претстави и можност за колаборација на корисниците на iWork. Апликациите сега доаѓат со можност за соработка, а во живо имаше и куса презентација на можностите. Корисниците ќе можат да пристапат на фајловите и да ги обработат од iPhone, iPad или од веб.

iwork

Image Apple Live Event

Apple Watch

Apple Watch е втор најпродаван бренд за часовници за помалку од осум месеци, еднаш по Rolex. Очекувано, Apple е најпродаваниот паметен часовник, објави Тим Кук.

iwatch-series-2

Image Apple Live Event

Apple Watch Series 2 е потполно нов часовник кој ветува дека корисниците ќе можат да го користат и под вода. За оваа цел инжинерите на Apple создадоа нов звучник кој ќе може да ја „испумпа“ водата која влегла во часовникот.

watch2

Она што е најинтересно е дека за презентацијата на најновата верзија на часовникот, Apple во целост се однесуваше како да претставува фитнес додаток. Со исклучок на неколку апликации, целиот фокус е на можностите на часовникот при вежбање и на апликациите кои помагаат при вежби; без разлика дали корисникот шета, трча или плива. Новата верзија на часовникот доаѓа со вграден GPS кој овозможува следење на движењето на мапа.

Покрај изработката од старите материјали за Series 2 ќе биде достапна керамичка верзија, а продолжува и соработката со Hermes. Компанијата за Apple Watch Series 2 влегува во соработка со Nike. Двете компании соработуваа на Apple Watch Nike+; часовник кој е наменет пред се за тркачите.

iwatch-series-2-2

Image Apple Live Event

Џеф Вилијамс ја најави новата верзија на watchOS 3. Освен вообичаените надградби како нови лица за часовникот, компанијата претстави апликации како: Breath апликација за медитација; но и можност за контактирање на 911-службите преку притисок на копчето на часовникот.

Играта која е преземена рекордни 500 милиони парти, Pokemon Go пристига и на часовникот. Играта е речиси непроменета, а часовникот и Pokemon Go се користат како фитнес апликација и фитнес додаток. Иако податоците за играта доаѓаат на часовникот, за фаќање покемони сепак е потребен телефон.

Новите часовници доаѓаат за 370 долари, претпродажбата започнува за неколку дена, а watchOS 3 доаѓа веќе на 13. септември.

Достапност

Претпродажбата за Apple Watch и iPhone 7 започнува на 9 септември, a телефонот започнува со испорака на 16 септември. Новиот оперативен систем iOS 10 излегува на 13 септември. Локалната достапност на iPhone 7 кај операторите според досегашното искуство може да ја очекуваме до крајот на октомври, додека достапноста кај останатите, веќе познати дилери на мобилни до крајот на месецов. Цените секако за еден ваков нов модел на iPhone ќе бидат доста високи. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] деталите за новиот MacBook Pro. Kомпанијата од Купертино на претходниот настан ги претстави телефоните и часовниците, па за овој […]

trackback

[…] Презентацијата на Apple Watch наликуваше многу повеќе на презентација на фитнес алка, отколку на паметен часовник. Ова не беше случај со претходната верзија, кога Apple се обидуваше да пронајде куп различни примени за часовникот. […]

trackback

[…] еуфорија околу настанот на Apple на кој се претставија Apple 7 и Apple Watch Series 2 во видео од 107 […]

trackback

[…] Денеска Apple го претстави новиот модел на најпродаваниот мобилен уред iPhone. Седмата серија на iPhone доаѓа со неколку новини – подобрена камера, водоотпорност, бежични слушалки – прочитајте повеќе за новиот iPhone 7 тука. […]