0 коментари 2 мин. читање 3 ноември, 2022

Преземајте најразлични икони и фотографии со Noun Project

Во случај да работите на некој проект и да ви се потребни икони за полесно визуелно одбележување, тогаш Noun Project е веб сајт кој е само за вас.

Сајтот се одликува со над 5 милиони икони, но и слики, уредно поставени во различни категории. Откако ќе го посетите сајтот, избирате дали сакате да пребарувате икони или фотографии, а, по извршеното пребарување, можете да ја изберете иконата која највеќе ви се допаѓа за дополнително прилагодување. Имено, можете да ја менувате бојата на иконата, да ја ротирате, односно превртувате, како и да ја менувате позадината и формата.

По извршените промени ја започнувате процедурата за преземање на иконата.

Сосема очекувано, најдобрите можности поврзани со уредување на иконите се заклучени зад претплатнички ѕид и доколку сакате малку поразлична икона од понудената, потребно е да изделите нешто повеќе од три долари месечно. Но, како бесплатен корисник можете без проблем да ја користите целата датабаза, и да преземате што сакате од понудените 5 милиони примероци.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top