Пресуда против NSA: Масовното следење на Американците е нелегално

Собирањето на податоците на милиони Американци од нивните телефони како дел од програмата на Националната агенција за безбедност (NSA) е незаконско. Три врховни судии ја променија претходната пресуда која и овозможуваше на NSA да ги прислушува граѓаните. Пресудите доаѓаат по неколку месечното објавување на доверливи документи, доставени од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, во кои се открива дека власта незаконски ја следела мобилната и интернет комуникацијата на граѓаните, и имала пристап до кориснички податоци на сите големи интернет компании.

Според судиите, масовното прислушување се противат на таканаречениот Patriot Act, кој е наменет за заштита од тероризам, но властите „претерано“ ја развлекле својата слобода за да собираат „неверојатни“ количества податоци на граѓаните, вели Washington Post.

„Сметаме дека членот 215 не може да го обезбеди она што владата го бара да го дозволиме. Не дозволува прибирање на метаподатоци од телефонските разговори… Заклучокот е дека овозможување на владата да прибира телефонски податци кои би можеле да бидат релевантни во некоја дозволена истрага во иднина е недозволива“, велат судиите кои беа вклучени во разгледување на законската можност за прислушување.

Англискиот Guardian пишува дека судиите бараат стеснување на законската рамка во која би можело да се прислушува и следи, и потенцираат дека NSA мора да обезбеди првин јасни докази за закана од тероризам или закана по уставниот поредок на САД. Ова е своевидна победа за Едвард Сноуден кој се уште се крие во Русија откако беше обвинет за велепредавство, но и куп различни програми за прибирање на податоци за граѓаните на САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk