Преставничка на српската Пиратска партија со полуголи фотографии ја промовира слободата на интернет

3 коментари 2 мин. читање

Претставничката на српската Пиратска партија, Јелена Јовановиќ реши да се слика во провокативни пози за 24sata.rs, во обид да ја зголеми свеста за Пиратската партија, нивната идеологија и секако своите облини. На страна од сликите кои изгледаат како да се од турбо-фолк спот, г-ца. Јовановиќ е всушност истакнат пират. Таа е првата србинка која е одберена да биде во интернационалниот одбор на Пиратската партија.

Пиратите се млада партија која се бори за ослободување на информациите, слобода на интернет и реформирање на авторските права, која привлекува се поголемо внимание како на светската, така и на европската политичка сцена. Во Европскиот парламент веќе има неколку пирати од шведската партија, меѓу кои и најмладата евро-парламентарка која е задолжена за оцена на ACTA.

Но, во целата сериозност на политиката, овие провокативни фотографии на г-ца. Јовановиќ не соодвествуаат со тоа што таа го работи. Еве што вели таа за 24sata.rs:

„Место во пиратската интернацонала ни овозможува да учествуваме во споделување на идеите за кои се залага глобалното пиратско движење, и не става во сериозна позиција на домашната политичка сцена. Во моментов во Србија не поддржуваат повеќе од 15.000 луѓе, но пиратите се светско движење. Влезот во интернационалниот одбор е важен за нас за да се поврземе со партиите од другите земји.“

Taa вели дека еротски сајт и понудил 8.000 долари за да ја сликаат гола, која таа ги одбила бидејќи „Да беше сумата поголема, можда и ќе размислев“.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед