0 коментари 2 мин. читање 4 мај, 2010

Препознавање на face.com стана достапно за девелоперите

Face.com е креаторот на PhotoFinder и PhotoТagger апликациите на Facebook, кои за една година од стартувањето тагираа околу 7 милијарди фотографии и идентификуваa 52 милиони лица. API-то на Face.com има интересна опција да ги повлечe таговите на сликите, со што тагот на фотографија од една апликација се префрла автоматски на друга фотографија на друга апликација.

„Најголемите фото активности се случуваат во Facebook, но дефинитивно гледаме забавни, кретивни видови апликации надвор од Facebook.” вели Гил Херч, директорот на Face.com.

Ваквите апликации за препознавање на лице дефинитивно отвараат дискусија за приватноста, но треба да се знае дека е потребна дозвола за повлекување нечија слика и секако доколку сакате да останете приватни нема да објавувате фотографии на друштвени мрежи или пак да користите вакви апликации, нели?

За да го демонстрира API-то, Face.com стартуваше и неколку пример-апликации како PosterYourself апликација за вметнување на лица во постери и е-честитки, и CelebrityFindr за препознавање на познатите личности од постираните фотографии во Twitter фидот. Исто така девелоперите ќе можат да го искористат API-то за креирање на интересни апликации со проширената реалност.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}