0 коментари 2 мин. читање 18 август, 2016

И после 14 години, StumbleUpon е одличен сервис

Денешниот сајт на денот – StumbleUpon.com. Откривајте сајтови кроени по ваши интереси. Тоа е мисијата на Stumble Upon и, верувајте кога ќе ви кажам, нема подобар во реализација на истата.

И после 14 години од своето основање, овој сајт е одлична врата која нуди добро сурфање низ џунглата наречана интернет.

StumbleUpon користи напредни алгоритми да го прикаже најинтересното од одредената категорија затоа што ја користи колективната гласачка моќ на своите корисници од целиот свет. Па така, за секоја содржина, која ќе ви биде прикажана преку Stumble Upon, можете да видите на колкумина им се допаднала истата.

stumbleupon-pinterest_616

Доколку одреден сајт и на вас ви се допадне thumbs up (или like) копчето го придодава вашиот глас на колективната скала, а алгоритмите се пренасочуваат кон прикажување слични содржини. Спротивното нешто е можно и за несаканите содржини. Во тој случај, реагирате преку thumbs down копчето, а како директна последица, алгоритмот ќе се обиде таквите содржини воопшто да не ви ги прикаже.

Листањето на содржините стапува на сила преку копчето Stumble, а сѐ што ќе видите можете да го сочувате на вашата претходно-креирана сметка, да го споделите на email, или пак преку некоја од најпознатите социјални мрежи.

Sumble Upon нема да ве разочара и во поглед на платформата. Во зависност од тоа кога и како сакате да стапите во интеракција, имате на располагање одлична апликација за windows 10, Android и iPhone.

Сајтот како што напоменавме е основан во 2002 година од страна на Герет Камп, кој исто така е ко-основач и на Uber, и Џеоф Смит. Во 2006 сервисот е купен од страна на eBay, кои пак во 2013-та година пак го продадоа назад на оригиналните основачи кои ги расчистија долговите на сајтот и повторно го реактивираа со нова енергија.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top