Google потврди дека некои од имејл пораките кои ги испраќаме може да бидат прочитани од луѓе. Компанијата ги споделува податоците со трети страни кои може и да ги прочитаат вашите пораки.
Досега беше познато дека пораките ги читаат алгоритмите на Google за компанијата да ги повлече податоците со кои го креираат профилот за реклами. Но, корисниците кои им дозволите пристап на трети развивачи пристап до Gmail, им дозволиле и пристап до нивната пошта. Ова не само што значи дека имале пристап автоматите и алгоритмите, туку можеби и дел од луѓето во овие компании.
Две од компаниите кои признаа дека нивните девелопери ја читале поштата на корисниците на Gmail сe Edison Software и Return Path. Од компаниите велат дека ова било неопходно за нивните инженери да можат да ја тренираат вештачката интелигенција на сервисите. Сепак Edison Software ја прекинале оваа пракса, објави Verge.
Досега нема никакви сознанија дека компаниите кои имале пристап до овие податоци ги злоупотребиле истите. Секако ова не го намалува чувството дека сме злоупотребени.
Gmail има 1,4 милијарди корисници. Kорисниците кои своите профили ги поврзале преку било која апликација од трет развивач се потенцијални жртви.
Проверката кои апликации имаат пристап до Gmail е едноставна и не е лошо да ја направите. Од Security Checkup одберете Third-party access. Пронајдете ги апликациите кои имаат пристап до Gmail и ако не ви се допаѓаат тргнете ги.