Pop-up автомати ќе продаваат Snap очила

1 коментар 2 мин. читање

Snap ќе се обиде да промени многу работи. Откако неодамна ги презентираа очилата за Snap, сега најавуваат дека уредот ќе се продава во автомат Snapbot.

Автоматите ќе се поместуваат, а кога ќе бидат во близина корисниците ќе го видат геофилтерот „Spectacles“, ќе знаат дека автоматот е во близина. Интересно е што ова е многу слично со она што се случува со фотографиите на Snap. Филтерот ќе биде поставен 24 часа однапред, а толку време ќе седи и автоматот на истото место.

Купувањето, а и самата интеракција потребна за купување на очилата се супер едноставни. Автоматот има влез за картичка и три копчиња: розево, црно и сино. Копчињата соодветствуваат на бојата на очилата кои корисникот ги купува. Десет секунди од притискањето на копчето „устата“ на автоматот се осветлува, купувачот може да си ги земе очилата и да си замине. Цената на очилата е 130 долари.

https://youtu.be/Vc9SOkPWqIQ

Очилата овозможуваат снимање на видео. Кога корисникот ќе ги стави очилата, и ќе го допре копчето на рачките, очилата снимаат 10-секунди. Следните притискања на копчето го продолжуваат видеото за 10 секунди, до максимални 30 секунди. Видеата ќе седат во меморијата на очилата, додека преку Wi-Fi или Bluetooth не бидат префрлени на постојаната локација.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед