0 коментари 2 мин. читање 2 ноември, 2017

Poly е нова платформа од Google за развивачите на проширена реалност

Poly е нова платформа на Google која треба да им помогне  на развивачите на проширена реалност. Со помош на алатката може да се креираат и дистрибуираат објекти за користење во проширената реалност.

Poly доаѓа со интеграција со Tilt Brush и Blocks, две алатки за моделирање во виртуелниот простор. Корисниците лесно ќе можат да креираат и да ги изложат своите дела на Poly. Овие скулптури потоа може да се уредат, да се домоделираат или поинаку да се обојат.

Секако овие модели нема да се користат во врвните апликации, но ќе бидат и повеќе од доволни за почетоците. Можеби не само за креирање на првите апликции, туку и за креирање на поедноставни апликации во проширената реалност.

Дополнително, Poly може да се користи и за луѓето кои развиваат апликации од хоби, а Google сака да им помогне лесно да влезат во развојот на апликации за проширена реалност, вели Verge.

Проширената реалност е следното поле на развој во технологијата. Најголемите компании, Apple, Google, Microsoft веќе работат на развој на сопствени верзии на оваа платформа. Засега интересот од корисниците е тука, иако се чини дека недостасува вистинска апликација која ќе не убеди дека мора да ја користиме проширената реалност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top