1 коментар 2 мин. читање 15 ноември, 2011

Pogoplug со 5 GB е конкурент на Dropbox

Pogoplug, компанија за дигитално складирање на податоци, стартуваше облак за складирање кој овозможува пристап на податоците од било кој уред. Pogoplug Cloud е уште еден сервис за складирање на податоци во облак, придружувајќи им се на веќе постоечките сервиси на Apple, Amazon, Google, Dropbox, и многу други.

Pogoplug облакот овозможува да се закачуваат и синхронизираат податоци од мобилни уреди и хард дискови. Регистрирањето за користење на Pogoplug облакот е бесплатно, и со тоа добивате 5 GB слободен простор. Доколку ви е потребен поголем простор, тогаш се доплаќа 9,95 долари за 50 GB и 19,95 GB за 100 GB.

Според главниот човек зад Pogoplug, Даниел Рутерман, целта на овој сервис е да им даде слобода на корисниците да ги користат сите своите податоци директно од нивните мобилни уреди. За да можете да го користите сервисот преку вашиот мобилен уред, потребно е да се преземе мобилната Pogoplug апликација која е достапна за iOS и Αndroid.

Со инсталирање на апликацијата на вашиот мобилен уред, ќе имате пристап до податоците кои се закачени на облакот, овозможувајќи ви да ги преземете или стримате директно од мобилниот уред. Мобилната апликација исто така овозможува споделување преку e-mail или на друштвените мрежи Facebook, Twitter, и Google+.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Toni
Toni
14 years ago
Мени
Заедница
Изглед
To top