Поддржите ги македонските инди игри; донирајте за Who I am?

Who I am? е македонска видеоигра, чие име можеби ви е познато бидејќи на минатогодишниот Global Game Jam освои трето место за најдобра приказна. Иако играта е бесплатна, креирана е со љубов од ShoopyGame, сепак сега им е потребна поддршка преку донации. Играта е достапна на Itch.io од каде може да ја симнете и да донирате пари по ваша желба.

„Тимот сега за сега работи од чиста љубов и пасија кон видеоигрите и затоа е екстремно важно да донирате“, порачува Андреја Поповиќ еден од креаторите на играта. Донациите се навистина минимални, и доколку се одлучите да прескокнете единствено едно кафе ќе можете да му помогнете на инди-тимот на ShoopyGame, кој вели дека било каква поддршка ќе им помогне да продолжат со развојот на игрите. Минималната донација е еден долар, а доколку сакате и можете, поголеми донации се добродојдени.

Who I am? е поинт-и-клик интерактивна приказна, во која управувате со изгубена слепа душа низ минатото, сегашноста и иднината, помагајќи ѝ да ги врати назад своите сеќавања. На крајот избор на играчот е како ќе ја искористат својата моќ. Во текот на играњето треба да сè истражува и да се решат проблемите со кои ќе се сретнете.

„Играта е ставена на itch.io бидејќи е онлајн продавница која нуди инди игри од инди развивачи и ги продава точно на публика која е заинтересирана за овие игри. Затоа ги избравме токму нив“, вели Андреја.

Тимот на Shoopy Game е составен од дизајнерот на игри Андреја Поповиќ, програмерот Мартин Антовски, Бојан Филиповски кој е одговорен за музиката и Дино Бојаџиевски кој ја пишува приказната. Во моментов работат на изработка на Android верзија на Rhubber man, која ја изработија на Alt Ctrl Jam. Тимот ни откри дека работат на 3Д-игра во Unity енџин која за сега ќе биде изненадување.

[youtube]z61GVRZs1VU[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Поддржите ги македонските инди игри; донирајте за Who I am… 12/11/2014 […]