Податоците кои минатата недела ги отклучи хакерската група Shadow Brokers, се едни од најопасните досега. Споделената база на податоци е најголема објава по Едвард Сноуден.
Најголем дел од податоците за Windows се неточни бидејќи компанијата ги надминала проблемите со закрпа од март, надградени се сите оперативни системи кои остануваат безбедни. Веднаш по објавата за куп Windows „zero-days“ пропусти, Microsoft објави дека од март ниту еден од четирите zero-days не актуелен. Компанијата не го објави името на човекот или групата која им ги посочила пропустите, но ArsTechnica смета дека податоците се споделени од некој од Агенцијата за национална безбедност (NSA).
Дел од пропустите, поточно три, се актуелни и денес. Сепак од Microsoft потенцираат дека овие безбедносни пропусти се актуелни на верзии на оперативниот систем за кои компанијата веќе не нуди поддршка.
Microsoft не е единствената компанија на која споделените алатки и предизвикаа „главоболки“. Куп банки, од кој најголем дел се од Блискиот Исток, се или барем биле цел на обработка на агенцијата. Неколку алатки кои агенцијата ги користела за надгледување и спречување перење на пари. Цел на напад е Al Quds Bank for Development and Investment од Палестина.
Засега можеби најинтересната мистерија е кои се Shadow Brokers. САД ги обвинија дека се хакерска група која е спонзорирана од Русија, но не понудија доказ за ова. Shadow Brokers, пак, го негираат ова и за себе велат дека се американски патриоти. Она што е сигурно е дека, доколку Equiation Group навистина е елитна хакерска група спонзорирана од САД, тогаш NSA со сите средства се обидува да го пронајде „кртот“.
[…] пропусти кои ги објавија Shadow Brokers на крајот на минатата недела бевме сведоци на еден од […]