Почекајте уште малку, сè уште не е време за купување графички картички

Логично е да очекувате дека цените на претходните модели ќе паднат, откако Nvidia и AMD неодамна ги претставија своите нови графички картички. Но, овој пат разликите во цената и перформансите е толку голема што вреди да се причека. За сите кои се подготвени да потрошат повеќе, добра вест е дека GTX 1080 и GTX 1070 се достапни во продажба во некои македонски продавници за хардвер.

Доколку ја сакате најдобрата графичка картичка, тогаш имате среќа. GTX 1080 е достапна и не постои причина зошто да не ја купите. Доколку се мислите дека е добра идеја да земете уште една графичка картичка за SLI или Crossfire, ова барем засега е лоша идеја. Единствено GTX 980 Ti во SLI имаат споредливи карактеристики со GTX 1080, но со оглед на тоа дека се само 1.000 денари поевтини, подобро ќе поминете да ја продадете картичката што ја поседувате и да купите GTX 1080. Titan X или Radeon R9 Fury X може да ги купите единствено ако успеете да ги најдете за околу 380 долари колку што е цената на 1070 која има подобри перформанси.

 

Доколку не сакате да потрошите толку многу пари, а графичка картичка не ви итно потребна, тогаш ќе мора да почекате да биде достапна уште поевтината RX 480 на AMD. Сите корисници кои сакаат подобри перформанси и подготвена картичка за виртуелна реалност, но сепак не сакаат да потрошат мало богатство на графичка картичка, AMD е вистинскиот избор.

AMD тврди дека RX 480 и повеќе од доволна за сите кои играат на 1920х1080 резолуција. Способноста за играње во виртуелната реалност е само дополнителна предност. Во моментов нема информација за цената и достапноста на RX 480 во Македонија, претпоставуваме дека кога ќе пристигне ќе биде околу 15.000 денари. Според перформансите картичката е споредлива со GTX 980. Во моментов цената на GTX 980 е околу 37.000 денари. AMD најави и поевтини верзии во новата серија наменети токму за 1080p и MOBA видеоигри, RX 470 и RX 460 ќе бидат достапни оваа недела, но се чини дека разликата во цената не е доволна да не мотивира да ги препорачаме наместо RX 480.

Резултатите од бенчмарк тестовите може да ги видите на Yibada, а на Reddit има интересна дискусија околу перформансите на новите графички картички.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk