По Watson на IBM и Google Brain ќе стане лекар

Вештачката интелигенција на Google го дијагностицира слепилото предизвикано од дијабетес со подеднаква точност како и лекарите. Google Brain е дел од Google кој целосно е фокусиран на примена на вештачката интелигенција во медицината.

Дијабетесот е главна причина за слепило кај возрасните, пишува Wired. Сепак можноста за рана дијагноза овозможува поефикасен третман и спасување на видот. Токму ова треба да го овозможи Google Brain. Сервисот на Google што сега се користи за анализа на фотографии, може да им помогне и на овие пациенти. Првите тестови започнаа пред две години и покажуваат дека вештачката интелигенција е подеднакво доверлива како и лекарите.

Дијагностицирањето преку анализа на фотографии од ретината го користат и лекари и е докажан пристап. Сепак можностите за побрза анализа на куп резултати секако ќе биде добредојдено. Првите тестови започнаа во болници во Индија кои веќе собираа фотографии за анализа. Потоа Google побара и од лекарите да ги анализираат сликите. Секоја слика ја анализираа три лекари и ја даваа својата дијагноза.

По анализата на 128.000 фотографии системот ги идентификуваше пациентите со ризик малку подобро од оригиналната група на лекари. При нагодувањето со најголема чувствителност Google Brain, отфрли 90 отсто од лажно позитивните и лажно негативните показатели во скоро сите од случаите. Ова е 10 отсто подобро од стандардот кој го пропишува Националниот институт за здравство на САД.

Неодамна IBM објави дека Watson е подобар во дијагностицирањето од своите луѓе колеги. Вештачката интелигенција има огромна база на податоци по која може неуморно да пребарува и споредува, што ја прави одличен дијагностичар откако ќе бидат внесени параметрите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments