0 коментари 2 мин. читање 14 октомври, 2019

По PayPal и другите гиганти се повлекуваат од Libra

Лоши вести за Facebook, бројот на поддржувачи на крипто-валутата Libra се намалува. Една недела по PayPal поддршката ја повлекоа и Mastercard, Visa, eBay и Stripe.

Една од причините за повлекувањето на компаниите се критиките од законодавците и од политичарите во САД, пренесе BBC. Главна критика е што злоупотребата на Libra ќе овозможува перење на пари.

Дури и компаниите кои ја повлекоа својата поддршка не го негираат потенцијалот на Libra и најавуваат дека продолжуваат да го следат и можеби ќе се приклучат повторно во иднина. Клучно при носењето одлука за враќање ќе биде капацитетот за исполнување на сите барања на законодавците.

Токму за усогласување со законските решенија г. Марк Закерберг ќе се обрати пред Комисијата за финансиски услуги на 23 октомври.

Основачкото собрание на Libra Association Council ќе се одржи оваа недела, а на ова собрание ќе бидат објавени и првите членови на асоцијацијата.

„Секако, ова не е добра вест на краток рок, но на некој начин нè ослободува. Наскоро ќе имаме нови вести. Секоја голема промена е тешка. Знаете дека сте на вистински  пат кога има волку голем притисок“, вели Дејвид Маркус од Facebook

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top