Pinterest излегува на берза следната година

0 коментари 1 мин. читање

Pinterest би можела веќе во првата половина на следната година да ги понуди своите акции на берза, дозна Wall Street Journal. Платформата за споделување на интереси е една од најинтересните друштвени мрежи.

Наскоро на платформата треба да се појави визуелен пребарувач и алатка која ќе овозможи купување на производите кои корисникот ги гледа на сликите. Компанијата би можела да достигне вредност од 12 милијарди долари, а толку беше проценета на последното затворено инвестирање. Досега Pinterest има собрано 1,5 милијарди долари од инвеститорите/акционерите. Оваа година компанијата очекува пригоди од 700 милиони долари.

Она што секако е интересно за Pinterest e дека од 2017 година технички директор на компанијата е Вања Јосифовски. Г. Јосифовски е дел од компанијата од 2015 година и како лидер во инженерските тимови  работеше на развој на дел од технологиите кои се користат. Под негово водство Pinterest ги развива и машинското учење, пребарувањето и инфраструктурата.

Последната година платформата доби нови 50 милиони корисници, па сега ја користат 250 милиони луѓе.

За следната година неколку вистина големи стартапи ќе излезат на берза. Uber и Lyft се во финална фаза, а Slack работи на подготовка, вели TechCrunch.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед