Pinterеst e повлијателен сајт за потрошувачите од Facebook

0 коментари 1 мин. читање

Скоро 69 отсто од корисниците на Pinterest нашле продукт преку сајтот кој го купиле или сакале да го купат, за разлика од 40-те отстo од корисниците на Facebook. Секако, не треба ни да се заборави дека две-години стариот Pinterest има само 25 милиони корисници, наспроти милијардата корисници на Facebook. Но, иако Pinterest има огромен комерцијален потенцијал, сепак не треба да се занемари дека е специјализиран и ги привлекува луѓето кои бараат продукит.

Истражувањето на Bizrate Insights открива и дека 70 отсто од корисниците на Pinterest го посетуваат сајтот во потрага по продукти, додека само 17 отсто од корисниците на Facebook.

Но, интересно потрошувачите на Pinterest им веруваат повеќе на другите корисниците отколку на брендовите. Или кажано во бројки, само 26 отсто се поврзуваат со брендови на Pinterest, oд 55-те отсто од Facebook корисниците.

Eве уште некои статистики за споредба:

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top