Богатството на дел од светските лидери, јавни личности и популарни ѕвезди веше обелоденето пред јавноста во форма на 11 милиони документи и 2,6 терабајти информации за 300.000 офшор компании во Панама.
Помеѓу сопственици на објавените сметки се наоѓаат претседателот на Русија, Владимир Путин кој се поврзува со сума над 2 милијарди долари(!); премиерот на Пакистан Наваз Шариф; претседателот на Украина, Петро Порошенкo; премиерот на Исланд, Сигмунд Давид Гунлаугсон; и фудбалерот Лео Меси. Податоци за сметки водат и до лица кои се на врвот во кинеското политбиро. Тука се и лица кои се под санкции поради поддршка на режими во Северна Кореа, Зимбабве, Русија, Иран, Сирија.
Panama Papers е најголемото протекување на документи досега, а споделените податоци се неколкупати поголеми од податоците кои ги сподели Едвард Сноуден. Иако конечната големина во терабајти на споделените документи е 2,6 терабајти, важноста на споделените документи се чини е непроценлива…
Документите доаѓаат од Mossack Fonseca, адвокатската канцеларија која е медијатор на офшор компаниите, изасега не се знае како се украдени, дали со хакерски напад или од човек внатре во компанијата. Документите се доставени од анонимен извор до германскиот весник Süddeutsche Zeitung, кој потоа ги сподели со Интернационалната мрежа на новинари-истражувачи. На редактирање на документите работеа новинари од Guardian, BBC, Le Monde, La Nación, Sued Deutsche, Sonntagszeitung и Falter, кои велат дека повеќето информации ќе останат приватни, но тие што ги засегаат јавните личности или се сомничат за криминал ќе бидат објавени.
Поседувањето на сметки во банките во овие држави не е во спротивност за законите, но прашањето на користење на офшор компании е етичко, a како што вели Guardian откритието ќе доведе до притисок за реформи на овие даночни раеви. Името Panama Papers не значи дека сметките се наоѓаат единствено во Панама. На листата даночни раеви се и Сејшелите, Британските Девствени Острови, но и други даночни раеви.
Податоци од Panama Leaks има НоваТВ и доколку открие дали има македонски граѓана во ова протекување, ќе бидат објавени.
[…] избори на Исланд ги предизвикаа „Панамските документи“ во кои беа пронајдени врски со тогашниот премиер. […]
[…] Зигмунд Давид Гунлаугсон откако беше обелоденето во Panama Papers дека има тајна компанија. Откритието доведе до […]
[…] и бизнисмените чии податоци се јавно објавени со Panama Papers. Panama Papers е популарното име за над 11 милиони документи, […]
[…] Повеќе за Panama Papers, или најголемото протекување на документи во историјата, прочитајте на следниов линк. […]