Билборд во Москва успешно се крие од полицијата. Станува збор за паметна огласна табла која се менува кога полицијата ќе се доближи до неа, јави Gizmodo. На билбордот се рекламира италијанска кујна, но бидејќи во Русија е забранет увоз на храна од Европската Унија, италијанскиот ресторан Don Gulio мораше да ја скрие содржина од властите. Изгледа лудо, но во суштина се работи за модифицирана технологија за препознавање на лица.
Со помош на камера и софтвер за препознавање кој може да препознае ознаки и лого на државните органи, билбордод ја менува рекламата ако забележи полиција на растојание од 250 метри. Презентирањето на рекламата е проблематично откако Русија забрани увоз на производи од Европа и САД, а рекламата вели дека во ресторанот се прави оригинална италијанска храна со италијански продукти. Тешко е да се верува дека полицијата не го видела билбордот и најверојатно станува збор за маркетинг трик, но технологијата е интересна бидејќи овозможува персонализирани реклами.
Персонализираните реклами не се новост на интернет и Google на пример голем дел од својата заработувачка оствару преку овие реклами, но досега не беа достапни надвор од сајбер просторот. Технологијата во иднина би можела да ги „отчита“ амблемите на минувачот, па дури и логото на производителот на облека и да презентира реклами кои се соодветни.
