Падот на цената не е единствениот проблем на Bitcoin

Пред само 5 дена Bitcoin ја достигна својата највисока цена од 5.000 долари. Пред помалку од 24 часа цената на крипто-валутата падна под 4.000 долари, а минималната вредност беше 4.037 долари. По првичното стабилизирање на околу 4.500 долари, валутата продолжи да паѓа, јави CoinDesk. Во моментов цената на bitcoin е 20% помала од неговата највисока вредност.

Причината за последниот пад на валутата е забраната за користење на криптовалути за собирање на инвестиции во Кина. Со оглед на тоа дека ова е една од најчесто користените примени на крипто-валутата, а и Кина е огромен пазар, падот не е изнененадување.

Но, кинеските власти отидоа и чекор понатаму. Наредија сите кои веќе добиле инвестиции да ги вратат истите. Ова секако е дополнителна прична за падот, стравот дека наскоро пазарот ќе се преплави сo bitcoin.

Image courtesy by CoinDesk

Зошто е ова проблем?

Во декемви 2016 година, цената на bitcoin на CoinDesk беше 1.000 долари. Само за девет месеци подоцна пораснаа за над 400%. Падовите и порастот на криптовалутата се одлични за инвеститорите кои заработуваат тргувајќи со дигиталната монета.

Сепак, bitcoin не е замислен да биде хартија од вредност, туку валута. Акциите кога растат се купуваат и не се достапни на пазарот. Истото се случува и со bitcoin, но тоа значи дека нема доволни крипто валути за трансакции и нормално работење, објаснува Питер Мекај за Vice.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments