Последниот месец во годината вообичаено е „резервиран“ за рекапитулација на годината; најпребарувани термини, најдобри игри, најгледани видеа. Google ja објави својата листа на апликации, игри и содржина кои оваа година беа најпопуларни на Google Play. Промената оваа година е што за прв пат имаше категорија „избор на корисниците“. Компанијата на својот блог ги објави најпопуларните содржини за 2018 година. Листата е базирана на преземањето и гласањето на корисниците од САД.
Веројатно очекувано омилена игра на Android е PUBG MOBILE играта освен по преземањата ја доби и „наградата“ според бројот на гласови. PUBG е победник во двете категории и со тоа а тронот на мобилниот гејминг за 2018. Најдобра апликација е Drops: Learn 31 new languages. Апликацијата на своите корисници им овозможува да научат или барем да се запознаат со нови јазици. Drops не е сериозна за учењето како Duоlingo, но преку гејмификација и куси дневни „дози“ веројатно е поинтересна за дел од корисниците. Најдобра Android апликација според фановите е YouTube TV.
Еве ги најпопуларните апликации за 2018:
Најпопуларни според гласови:
- Играта: PUBG MOBILE
- Апликација: YouTube TV
- Филм: Avengers: Infinity War
Најпопуларна апликација за 2018:
Најпопуларна игра:
Најпопуларни филмови:
Најпопуларни серии:
Најпопуларни книги:
- Fire and Fury од Мајкл Вулф
- The Outsider од Стивен Кинг
- Fear од Боб Вудвард
- 12 Rules for Life од Џордан Б. Питерсон
- Girl, Wash Your Face