Ова најверојатно е најкул тура на Google Street View

0 коментари 1 мин. читање

Овците кои ги мапираа Фарските Острови имаат сериозна конкуренција за најкул решение за мапирање на Google Street View.

Асука, Ако и Пуко се три Акита кучиња кои најверојатно се најинтересниот водич на Google Street View. Кучињата се користат за мапирање на градот и околината на јапонскиот град Одате.

Технологијта која е искористена е многу слична на она што можевме да го видиме на Фарските Острови. Камерата е закачена на грбот на кучињата и ја снима целата околина истовремено.

Целта на целиот проект е да се промовира туризмот. Кучињата поминаа голем пат мапирајќи, а на делови од промотивното видео може да се забележи и односот кој Јапонцие го имаат кон оваа раса. Може да се забележат споменици на кучињаа, но и музеи за нив.

Иако можеби луѓето не знаат дека Акита е јапонска автохтона раса, кучињата се најверојатно едни од најпрепознатливите. На сликите може да се забележи и споменикот на Хачико, куче кое останува симбол на лојалноста. Хачико е кучето кое десет години секој ден го чекаше својот сопственик на железничката станица, иако сопственикот беше мртов.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top