0 коментари 2 мин. читање 17 декември, 2018

Ова е чудна година на Pornhub

Како што се приближува крајот на месецот и почетокот на следната година сѐ повеќе ќе се појавуваат вакви ретроспективи на 2018 година. Една од првите оваа година е на Pornhub и ако судиме по пребарувањата ова е чудна година.

На првото место на листата најбарани е актерката Сторми Даниелс. Ова можеби и изгледа нормално, но причината поради кој актерката е толку високо на листата е скандалот со претседателот на САД, г. Доналд Трамп.

На второто место е супер популарната видеоигра Fortnite. Овој жанр на видеоигри во филмови за возрасни постои одамна, но вообичаено досега не се појавувале волку високо на листите. Сепак Fortnite е глобален феномен и појавувањето на оваа листа можеби е добар показател за популарноста.

4K резолуцијата е на трето место и е интересен показател дека можеби веќе сме подготвени за повисоки резолуции.

Што се однесува до статистиката за користење на самиот веб сајт, бројките се импресивни. Над 33,5 милијарди посетители дошле на страницата, или во просек 92 милиони секој ден. Во 2018 година имало 30,3 пребарувања, или 962 пребарувања секоја секунда.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top