Отворање на Олимписките игри: Збогум огномети, добредојдовте дронови

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Свет

Image courtesy of Intel

Прoширена и виртуелна реалност, автономни возила и куп технологија од иднината беше дел од отворањето на Олимписките игри во Пјонгчанг. Простор имаше и за незаборавниот Psy и Gangnam Style, првата песна со 1 милијарда прегледи на интернет. Почетокот на отворањето беше фокусиран на митологијата и минатото, најголем дел од церемонијата е потсетник на технолошката супериорност на Кореја.

Сепак, ниту една од овие презентации не ги воодушеви присутните гледачи колку прекрасното шоу, комбинација на огномет и дронови. Точно 1.218 дронови се искористени за ефектите  на церемонијата на отворањето. Ова е светски рекорд за најмногу дронови кои летаат истовремено, објави Intel.

Подвигот го направија со Shooting Star дроновите. Дроновите тежат околу 250 грама, долги се околу 30 сантиметри и може да летаат околу 20 минути. Она што можеби е и поимперсивно е дека сите дронови беа управувани, или барем надгледувани од 2 оператори.

Предизвици во текот на цереомнијиата беа ладното време и силниот ветер. Поради ова, снимката од дроновите беше претходно снимена и пуштена во текот на церемонијата. На ист начин дроновите на Intel беа и на шоуто на полувремето на Супербол.

Инаку беше планирано овој лет да биде во живо, но компанијата се откажала во последен момент, поради логистички промени. Ова ќе можеше да го проследат гледачите на стадионот, а снимката секако ќе останеше на телевизијата.

Intel има помала ескадрила дронови која ќе ги забавува гледачите во вечерните натпревари. Околу 300 дронови ќе бидат користени за да го анимираат небото на Пјонгчанг во текот на доделувањето на медалите на Олимписките игри.

Куп нова технологија е присутна на Олимписките игри, се надеваме дека ќе успееме да дознаеме и да известиме сѐ за неа. Од паметната облека со греачи, па се до проширената реалност и автономните возила.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk