0 коментари 1 мин. читање 22 декември, 2020

Откриени се игрите кои ќе бидат бесплатни на Epic Store

Како што ве известивме неодамна, сега е одлично време да се биде гејмер, независно од тоа дали сте по бесплатни или евтини игри. Еpic Store моментно има две феноменални кампањи каде за секоја игра која чини над 15 евра автоматски активира ваучер и ја намалува цената за 10 евра. Но, оние кои се имаат заветено да се држат што подалеку од нивниот паричник, секој ден бесплатно можат да си земат по една игра и да ја играат засекогаш. Промото е во целосен ек и до сега имавме интересни игри, а, како изгледа, така ќе биде и до самиот крај. Моментно, на располагање ви стои одличната Metro 2033, а утре ќе биде Tropico 5. Што е за останатите денови?

Расчистете го календарот и подгответе се за долги и впечатливи гејминг сесии без трошење денар. Сега е одлично време да се биде гејмер!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top