Покрај сите тврдења за безбедноста на уредите на Apple, сепак неодамна беше забележан првиот случај на ransomware на Mac. Ransomware е злонамерен код кој го киднапира компјутерот, односно податоците за него, кои може да си ги вратите само ако им платите откуп на криминалците, вообичаено во биткоини бидејќи е тешко да се следи таа дигитална валута. Засега ова е единствениот познат ваков напад на уредите на Apple, иако за Windows постојат неколку стотици илјади откриени од McAfee. Некои попопуларни ransomware софтвери им донеле на криминалците околу 18 милиони долари, пред да бидат изгасени од FBI.
Во овој прв случај со Mac, напаѓачот за враќање на контролата и податоците побара 1 биткоин или околу 400 долари. За напад е искористена инфицирана верзија на софтверот Transmition, а Apple веќе го одзема сертификатот кој овозможува инсталација на софтверот. Инфицирани се сите корисници кои ја преземале верзијата 2.9 на Transmission, иако новата верзија на софтверот, од 2.92, е безбедна за користење.
Малициозниот софтвер KaRanger три дена е пасивен на уредот, а потоа се поврзува на серверот на напаѓaчот и започнува да ги криптира податоците. Конечно откако ќе заврши со криптирањето, софтверот на корисникот ќе му побара 1 биткоин за податоците.
„Освен ова се чини дека KeRanger е во фаза на развој. Има уште функции како _create_tcp_socket, _execute_cmd и _encrypt_timemachine кои не се користат во сегашната верзија на софтверот. Нашите аналитичари велат дека напаѓачот сака да креира спореден влез и да го енкриптира и Time Machine бекапот“, велат безбедносните експерти од PaloAlto Network.