Orcs Must Die! Deathtrap: одлична ко-оп игра за до четворица играчи!

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на на претходните игри или пак едноставно сакате добра комбинација од ко-оп акција и одбрана со кули замки
  •  Прекрасна графика и слатки орци. МНОГУ орци!
  •  Бројни можности за стратешко размислување и впечатливи напади

Првата Orcs Must Die излезе во далечната 2011-та година, правејќи инстантни фанови од нас. Имаше нешто невообичаено забавно во поставување замки и наведување на слатките, глупави орци во нивната смрт. По двете мали, но ценети додатоци кои суптилно ја прошираа кампањата, развојното студио Robot Entertainment ги насочи силите на продолжетокот. Orcs Must Die! 2 излезе година дена подоцна и беше феноменална надградба на првата игра, дозволувајќи им на играчите да играат и со волшебничка.

Играта беше одлично прифатена и од критичарите и од фановите кои, по се изгледа, не можеа да се наситат од осмислување бројни стратегии за спречување на неуморните орци. Но, тројката не дојде година дена подоцна, туку дури во 2021-та година. За среќа,
Robot Entertainment ни тука не потрфрли. Наместо да го ниша бродот, тимот реши да игра на сигурна карта и да понуди само повеќе од истата добра забава. Една работа која секогаш се величеше до небо во Orcs Must Die! 2 и 3 беше ко-оп режимот.

Orcs Must Die! е забавен самостоен наслов кој е двојно позабавен во ко-оп! Штотуку излезената Orcs Must Die! Deathtrap ja има истата мисија: да понуди повеќе од она што беше забавно во претходните игри. Како резултат, Deathtrap се истакнува како прекрасен и долго-посакуван продолжеток кој ќе ги задоволи децениски-старите фанови, а ќе ги воодушеви новите! Без сомневање, Orcs Must Die! Deathtrap е игра која не само што го задржува препознатливиот хумор и шарм на серијалот, туку е и надополнета со нови херои, динамична борба и уште пожестока акција.

Благородни цели

Вашата задача е да ги браните процепите од брановите од орци. Такво нешто го постигнувате преку поставување замки и преку директни пресметки. Играта ја започнувате со еден од шест понудени херои. Секој од хероите се одликуваат со уникатни оружја и моќи кои, во група, одлично се надополнуваат едни со други. Хероите даваат посебна вредност за преигрување. Нивното уникатно движење, примарни и секундарни способности допринесуваат константно да сакате да пробувате најразлични комбинации. Имено, еден херој е добар за една работа, а друг – за трета, наметнувајќи органска потреба за меѓусебно надополнување. За да работите станат попредизвикувачки, времето и добата од денот дополнително влијаат врз непријателите и одбранбените можности.

Орците се движат по претходно зацртани правци. Потребно е да поставувате барикади така што ќе го пренасочувате нивното движење, како не би можеле брзо и лесно да дојдат до процепите. Овие барикади се од исклучително важно значење за блокирање на поголемиот дел од орци. Но, на некои орци барикадите не им можат ништо – едноставно ги прескокнуваат или прелетуваат. Во тие ситуации, потребно е тактички да поставите офанзивни замки. Или, пак, вие лично да ги засукате ракавите, да отидете на лице место и директно да ги напаѓате.

Не можеме да потенцираме колку е важно правилно да ги употребувате барикадите со замките. Доколку сте доволно паметни, можете да искористите еден мал простор за масовен масакр врз орците. Имено, барикадите ги поставувате така што орците немаат директна, права линија на движење туку се ограничени на споро, хоринзонтално, цик-цак напредување. Низ овие тесни процепи, ги поставувате најдеструктивните замки чие експлозивни напади се целосно фокусирани на што е можно поголема бројка од противници. Нормално, колку и да се трудите, работите ќе излезат од контрола.

Мапите се преубаво дизајнирани, но секогаш се дизајнирани за да орците имаат одредена предност над вас, особено со текот на времето, кога нивната бројка станува поголема и поголема. Поради тоа, во Orcs Must Die! Deathtrap потребно е да сте спремни на фрустрациите кои произлегуваат од лошо експериментирање. Тие моменти, кога замките и барикадите ќе паднат како кули од карти, а орците целосно ќе загосподарат со просторот, тие се моменти кои долго ќе ги паметите со вашите пријатели.

За поефикасно справување со хаосот, потребно е правење што е можно повеќе комбинации од напади. Имено, секој орк што ќе биде нападнат од што е можно поразлични извори (различни замки), генерира комби поени. По одредено време, овие комбо поени ви дозволуваат да ја активирате вашата специјална серија од движења и моќи. Овие overdrive способности значително може да ја променат ситуацијата на бојното поле. На крајот од мечот, што повеќе комбо поени имате толку повеќе черепи добивате. Со овие черепи вршите значајни привремени или трајни надградби поврзани со хероите и преигрувањата кои ги започнувате.

Измешани реакции

Не се сите среќни со играта. На голем дел од гејмерите не им се допадна тоа што најголема забава може да се извлече само доколку играта се игра во група, нешто што се наметнува со ограничувањето на бројот на барикадите кои еден играч може да ги постави на мапа. Недостатокот на солидна приказна, како и поимпресивен арсенал од замки и оружја дополнително разочара друга група гејмери. Но, Orcs Must Die! Deathtrap останува верна на препознатливиот хумор и шарм на серијалот. Од духовитите разговори на орците, преку насилната физика, па сè до моќниот саундтрак, секој момент е создаден за да го крева и одржува адреналинот на исклучително високо ниво. Имајте во предвид, меѓутоа, дека ова е игра во која првенствено ќе уживате во група, а не сами.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Robot Entertainment
  • ИздаваRobot Entertainment
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на:  28 јануари 2025


Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments