Независно од што имате чуено, нема софтверско решение кое може физички да ја зголеми брзината на вашата конекција. Една алатка не може да направи вашата брзина од 1Mbps магично да скокне на 4Mbps. Она што може една алатка да направи е да ги оптимизира вашите поставки за да целосно го искористите дозволениот пропусен опсег (bandwidth). Па така, алатката Internet Accelerator 2 се грижи вашите преземања, вчитувања на страните и слично да се изврши во најбрз можен рок од дозволеното.
Internet Accelerator 2 е бесплатна алатка која најдобро работи со постари компјутери кои имаат постари оперативни системи, како Windows 7, Vista, или XP. Со IA2 лесно можете да менувате одредени одредени поставувања во Windows околината кои позитивно влијаат на вашите активности кои се поврзани со интернетот.
За да ја користите алатката, одберете преку Setup, home or small office LAN, а потоа кликнете на копчето Accelerate! за да проверите дали ситуацијата при сурфањето е подобрена.