OnePlus3 е најдобриот телефон за 400 долари

OnePlus се постави одлично на пазарот со своите одлични и евтини телефони кои, иако се половина од цената, можат без проблеми да се носат со најдобрите Android телефони. Досега OnePlus објави четири телефони, Oneplus One, OnePlus 2, OnePlus X и најновиот OnePlus 3 кој изгледа фантастично. Телефонот е изработен од алуминиум и наликува на комбинација на HTC и iPhone. За сите корисници кои се љубители на изработка од дрво, бамбус и слични материјали, оваа опција останува можност.

Доволно е брз преглед на хардверот за да се види дека OnePlus 3 е конкурентен телефон. Доаѓа со Snaprdragon 820 процесор и Adreno 530 графички процесор, 6GB RAM, 64 GB простор и 3000 mAh батерија. Има 5,5-инчен 1080p AMOLED дисплеј кој е заштитен со Gorilla Glass 4. Дисплејот е со 401 ppi, што можеби е премалку за виртуелната реалност, но за сѐ друго е повеќе од доволно. „Ако ги читатe спецификациите ќе забележите дека 5,5 инчниот дисплеј не е со резолуција како екраните на Galaxy S7, HTC 10 и останатите телефони кои излегоа оваа година. Но без да гледате во листата тешко дека ќе ја препознаете разликата“, вели Verge.

Телефонот доаѓа со OxygenOS, интерфејс зад кој е Android 6.0.1, а најавена е Android N надградба. Освен апликациите од Google нема дополнителни апликации, што е одлична вест бидејќи телефонот не е оптеретен со апликации што не ги сакате. Оперативниот систем остава доволно простор за персонализација, од избор на бои до избор на боја на LED диодите за нотификација, иконите и копчиња за контрола. Дополнително телефонот може да „се разбуди“ со два допира на екранот или да се вклучи камера со провлекување на буквата „О“. За разлика од претходникот, на кој немаше NGC чип, на овој телефон е вратен, па корисниците ќе можат да го користат за Android Pay.

„Како што може да претпоставите од спецификациите, OnePlus 3 лета. Цела недела го тестирав телефонот, освен стандардни потреби го користев и за играње куп игри: Real Racing 3, Mortal Kombat X и Hearthstone. Ниту една од овие игри не беше предизвик за OnePlus 3 – ниту со екстремен мултитаскинг не успеав да го забавам телефонот“, вели Крис Веласко од Engadget.

oneplus3

Но, камерите нема да ги импресионираат најпрефинетите корисници. Резолуцијата од 16MP на задната и 8 MP предната, не е импресивна, но сепак станува збор за телефон чија цена е само 400 долари. Сликите се адекватни, иако се далеку од импресивни. Камерата доаѓа со автоматско стабилизирање на сликата, и супер брзо фокусирање. „Најголем дел од проблемите кои беа присутни на претходните модели се минато. Здодевниот систем со покани е мината, камерата е солидна  и софтверот е стабилен. Дури и ограничувањето на 4G LTE мрежа е решено. Она што останува е неверојатен уред со прифатлива цена“, вели CNET.

Можеби најголем недостаток на телефонот е недостатокот на слот за дополнителна microSD картичка, па корисниците ќе останат со просторот кој им достапен на уредот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk