Со Snapdragon 835 и 6GB RAM, OnePlus 5 секако ќе беше еден од најдобрите телефони. Додадете ја на тоа цената пониска од 500 долари и остатокот од хардверот и ќе ви биде јасно воодушевеноста на медиумите од уредот. Ако се чудите зошто од OnePlus 3 се префрлија на OnePlus 5, одговорот е суеверие. Во Кина, од каде и доаѓа производителот 4 е број кој носи несреќа.
Протекувањата за OnePlus 5 се долго присутни во медиумите, а овој пат за првпат може да зборуваме за официјални податоци. Новиот телефон доаѓа за малку повисока цена од претходникот, но и хардверот е нешто подобар.
„Иако не чини колку мејнстрим Galaxy S8 телефонот, току тоа е уредот со кој ќе биде споредуван. Ова е најскапиот OnePlus телефон и го следни правилото, плаќате повеќе за да добиете повеќе“, констатира Verge.
Иако уредот е еден од најевтините кој доаѓа со овој хардвер, целата изработка на OnePlus е фантастична. Распоредот на камерите и дизајнот на уредот прават да наликува на iPhone 7 Plus, но тука не престануваат сличностите. Производителот внимавал на целата изработка, па и квалитетот не може да се спореди.
OnePlus 5 доаѓа со: 5.5-инчен 1080p AMOLED екран заштитен со Gorilla Glass 5; Snapdragon 835 процесор; 6 или 8 GB LPDD4X RAM; 64 или 128 GB слободен прoстор. Телефонот доаѓа со дуал камера 16 MP и 20 MP. Батеријата на уредот е 3.300 mAh.
„OnePlus има еден од најдобрите екрани. Иако е сам0 1080p, над 99 отсто од корисниците нема ниту да забележат, дури и апликациите од Samsung доаѓаат со стандардна 1080p резолуција иако нивните телефони имаат поголема резолуција“, вели The Next Web.
Една од најголемите надградби на телефонот, не е хардвер. OnePlus 5 доаѓа со Android 7.1.1, односно рескин Oxygen OS. Рескинот е најблиску што можете да дојдете до чист Android. Пазарот кој се обидува да го освои OnePlus е празнината која остана по повлекувањето на Google од Nexus телефоните. Pixel е одличен уред, но цената е премногу висока.
„OnePlus 5 доаѓа со Android 7.1.1 Nougat со Oxygen OS. Вообичаено Oxygen OS не ја менува формулата на Google. Додатоците единствени ја подобруваат функционалноста на телефонот“, вели 9to5google.
Една од најдобрите функционалности на новиот уред е технологијата која е имплементирана за читање. Телефонот се обидува да ја имитира температурата на бојата на околината. Со ова телефонот имитира рефлексивна наместо емитирачка површина. Модот за читање го префрла екранот во „grayscale“ што дополнително го олеснува читањето.
Користењето на дуал-камера е новост за OnePlus. Фотографиите преку ден се одлични, боите се живи, фотографиите на објекти во движење одлични. Контрастот не е најдобар, но доаѓа во споредба со речиси двапати поскапиот Pixel на Google. Дополнителни камерите имаат проблем кога е помалку осветлено.
OnePlus 5 доаѓа во два модели еден со 6GB RAM и 64 GB слободен простор кој чини 480 долари. Вториот 8 GB RAM и 128 GB слободен простор кој чини 540 долари.







