Огромен исчекор, во Калифорнија повеќе не е потребен возач во автономните возила

во Свет

Компаниите кои тестираат автномни возила во Калифорнија можат да заборават на возачите. Одделот за моторни возила одлучи дека компаниите кои тестираат од 2 април, тоа можат да го прават без возач.

Досега законот велеше дека мора да има човек возач кој ќе мора да биде подготвен да преземе контрола врз возилото. Тоа значеше дека возилата мора да имаат волан и педали, иако можеби и не беа вистински потребни.

Сепак, нема баш секој да може да си вози како сака. Компаниите ќе мора да добијат дозвола од Одделот за моторни возила. Дополнително, иако нема да има возач во колата, тоа не значи дека возилото ќе биде без контрола. Законот предвидува оператор кој во секој момент ќе може да ја преземе контролата врз автомобилот. Одлуката се однесува на автомобили, за камиони останува досегашната одредба и мора да има возач присутен во возилото.

Ова секако е добра вест за компаниите како Waymo и General Motor, a можеби Tesla кои се во напредна фаза на развој на технологијата.

Ford тестира систем за достава со автономни возила

Што се однесува на другите компании, Ford започнува да тестира систем за достава со автономни возила. Компаниајта за ова го одбра Мајами каде ќе може да креира флота возила за достава.

Компанијта има парнерство со пицеријата Dominos и со ланецот за достава Postmasters. Она што е сигурно, е дека компанијата веќе работи во Мајами и сакаше тоа да биде сосем јасно:

„Не објавуваме дека ќе влеземе во првиот град. Објавуваме дека веќе сме во првиот град. Имаме демо, го мапираме градот и имаме оперативен бизнис“, вели Шериф Маракби од Ford.

Што се однесува за иднината на мрежата, барем засега нема план за тоа дали Ford самостојно ќе оперира со мрежата или ова ќе го прави некој од партнерите, објасни Recode.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments