Office едноставно успева на iPad; апликациите сега се најпопуларни на App Store

Иако нема ниту една недела откако Microsoft го лансираше Office за iOS, апликацијата започна да се качува кон првите места на App Store. Апликациите од пакетот Office за време на викендот според бројот на преземања се искачија на првите четири места на App Store, јави Re/code. На прво место е се разбира Word, а зад него следат Excel, Powerpoint и OneNote. Истовремено iPad апликацијата која не е бесплатна, туку е фримиум, успеа да влезе во топ десетте апликации, и се искачи на шестто место според заработката. Добра вест за Microsoft е дека во првите 10 според заработка е и Excel.

Објавувањето на Office за iPad е еден од првите чекори на Microsoft под раководство на Сатја Натела и се чини дека компанијата повторно ја пронаоѓа вистинската насока. Интересно корисниците веднаш ги прифатија апликациите што може да се свати како конечен успех на Microsoft да ги донесе своите апликации на iOS. Новата определба на компанијата е да овозможува фантастично и подеднаково искуство на сите платформи и уреди.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk