Од затвор до програмер: Како еден стартап успешно рехабилитира затвореници

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Софтвер

Крис Редлиц oд Kicklabs е еден од ретките луѓе кои можат да се пофалат дека успешно рехабилитираат криминалци. Неговата идеја да им даде втора шанса на затворениците е да ги воведе во програмирање преку програма која има успех веќе шест години.

„Кога започнав да зборувам забележав дека луѓето се концентрирани на секој мој збор. Нeма одвлекување на вниманието, нема телефони во затворите. Кога завршив со предавањето, се креваа раце и се поставуваа прашања. Моето 30-минутно предавање стана дво-часовна дискусија. Овие луѓе беа подготвени, мотивирани и посветени да научат како да дојдат до подобар живот откако ќе ја отслужат казната“, вели г. Редлиц во блог пост на TED.

По првите позитивни впечатоци, г. Редлиц основа стартап наречен Last Mile, кој е посветен на рехабилитација на престапниците. Секој од затворениците треба да започне бизнис околу нешто што е нивна лична пасија, а понатаму луѓето од организацијата им помагаат со изработка на бизнис план. Првите програмери станаа дел од програмата во 2010 година заедно со Code.7370 San Quentin, а оваа година ќе се прошират во уште пет затвори. „За Last Mile е потполна посветеност, а ние сме среќни што има толку многу посветени луѓе кои своето време го користат да ја направат оваа програма толку моќна. Навистина сме горди на луѓето кои ја отслужија својата казна, кои се дел од програмата, ниту еден од нив не се врати назад во затвор. Тие го пробиваат патот кој останатите ќе треба да го следат“, вели г. Редлиц.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk