0 коментари 2 мин. читање 27 јули, 2015

Од страв да не бидат хакнати, Fiat Chrysler повлече 1,4 милиони автомобили

Неодамнешниот хакерски напад врз Jeep Cherokee, во кој безбедносните експерти Чарли Милер и Крис Валасек успешно хакнаа возило во движењее, придонесе Fiat Chrysler да повлече 1,4 милиони возила за надградба на софтверот. „Се прашувам што е поевтино дали да се креираат безбедни возила или да се повлекуваат за надградба“, вели г. Милер.

Компанијата повлекува седум типови на возила помеѓу кои MY Dodge Viper, Jeep Grand Cherokee, Cherokee SUV, Dodge Durango и Dodge Challenger. Од Chrysler велат дека досега не се известени дека поради злоупотреба на бебедносниот пропуст предизвикала сообраќајни незгоди. Според извори на компанијата повлечени ќе бидат единствено возилата од САД, а останатите возила нема да бидат зафатени со надградбата, иако британски експерти покажаа дека е можно да се хакира возило и од моделите кои се продаваат во Британија, јави BBC.

Американската Федерална комисија за трговија FTC на барање на двајца сенатори ќе побара построги стандарди за безбедноста на возилата. Новиот закон предвидува и рејтинг за електронската безбедност со кој корисниците ќе знаат кои се најбезбедните возила кога е во прашање заштита од хакерски напад.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top