0 коментари 1 мин. читање

Од оригами до роботи кои се трансформираат – Џејми Паик на TED

Најголем дел од нас кога ќе ни се спомне робот веднаш или речиси веднаш помислуваме на хуманоидни роботи, но не и Џејми Паик. Џејми Паик е професор и директор на лабораторијата за реконфигурабилна роботика на Политехничкото училиште во Лозана и работи на роботи кои можат да ја променат својата форма.

Рoботите кои може да ја менуваат својата форма во суштина започнуваат како 2Д-објект и од комбинација на робот и оригами, доаѓа и името на овие роботи – робогами. Во својот TED-говор г-ѓа Паик зборува за равојот на овие роботи, а може да се види и како различна конфигурација на роботот се користи за надминување на различни препреки. Сепак она што е уште поинтересно се предвидувањата за иднина и предизвиците со кој се соочува нејзиниот тим.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top